ЕСМ соопштува

Термоелектраните произвеле повеќе струја, а хидроцентралите „се штедат“ за зимскиот период

РЕК „Битола" и РЕК „Осломеј" произведоа за приближно 40 проценти повеќе електрична енергија во првите седум месеци од годинава во споредба со истиот период лани, соопшти ЕСМ и наведе дека за 25 проценти било намалено производството од хидроцентралите. ЕСМ апелира да се штеди струјата.

 Од јануари до јули годинава термоелектраните произведоа 1.559 гигават часови електрична енергија, а во истиот период лани 1.126, информираа денеска од АД „Електрани на Северна Македонија".

Зголеменото производство се должи на зголемениот ископ на јаглен во сопствените рудници, набавката на јаглен за дополнително производство и подготвеноста и техничкото одржување на блоковите.

Во истиот период, наведуваат од ЕСМ, постигнато е да се намали потрошувачката на вода, односно производството на електрична енергија од хидроелектраните е намалено за 25 проценти и нивото на акумулациите се држи на оптимална кота, со цел заштеда на хидропотенцијалот за следниот период, кога во текот на грејната сезона се очекува пораст на побарувачката и на потрошувачката на електрична енергија.

На 6 октомври 1946 година почна носењето на моштите на Гоце Делчев од Софија во Скопје, столицата на слободна Македонија.

повеќе

Постои нужна потреба од прилагодување на студиските програми, соодветните силабуси и наставниот курикулум на реалната потреба на пазарот на труд во државата.

повеќе

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе