Tелеком Србија влегува на македонскиот пазар со Мтел

Генералниот директор на компанијата „Телеком Србија”, Владимир Лучиќ, за српските медиуми изјави дека е почната процедурата за основање на компанија „Мтел“ во Македонија. Лучиќ посочи дека новата компанија со работа ќе почне за еден месец, најпрво со нудење услуги за сателитска телевизија, а до крајот на годината, како што изјави, ќе бидат пуштени во употреба услугите на мобилните телефонски услуги и оптичкиот интернет.

„За нас, одлуките донесени на Економскиот форум во Скопје се многу важни, бидејќи ние сме компанија која сака да биде лидер во регионот. Имавме планови за проширување на пазарите во Северна Македонија и Албанија, плановите постојат од пред три години. Се обидовме да влеземе на албанскиот пазар со купување на Албански Телеком, но на крајот бевме спречени“, изјави Лучиќ.

Тој изјави дека регионалните иницијативи дополнително ги бришат границите за економијата и додаде дека ова е важно за Телеком, кој сака да биде присутен во сите земји во регионот.

Телеком Србија а.д. Белград е српски државен телекомуникациски оператор, основан како акционерско друштво во јуни 1997 година.

Мнозински сопственик на компанијата е Република Србија со 58,11 проценти сопственички удел. Покрај државата, сопственици се и Телеком Србија а.д. Белград со 20 проценти од акциите, граѓаните на Република Србија со 14,95 проценти и вработените и поранешни вработени во Телеком Србија а.д. Белград со 6,94 проценти.

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе