Соопштение

Телеком со 5 Г технологијата „покри“ 11 градови

Телекомуникациската компанија „Телеком“ соопшти дека продолжува со активности за поставување 5Г мрежа на целата територија на државава. Во тек е, информираат, интензивна работа на терен со партнерот „Ериксон“ за замена на постоечката технологија со опрема од најновата генерација којашто ќе овозможи 5Г услуги, поголем капацитет и подобро корисничко искуство. Од август досега покриени се 11 градови во централниот и западниот дел на државата, а до крајот на годината ќе се покријат Гевгелија и Дојран.

„Со планираните активности до крајот на годината, 20 проценти од населението ќе биде покриено со опрема од најновата генерација, а до средината на наредната година поголемиот дел од населението во урбаните средини ќе има можност да користи 5Г услуги. За модернизација на мрежата и овозможување 5Г, компанијата инвестира над 45 милиони евра за наредните четири години“ наведува „Телеком“.

Најавуваат дека ќе понудат 5Г услуги со гигабитни брзини веднаш по добивањето на одобренијата за користење радиофреквенции од АЕК, што се очекува во првото тромесечје од 2022 година.

„Големите брзини и капацитети на новата 5Г мрежа ќе донесат револуција во корисничкото искуство и создавање досега невидени услуги и производи коишто ќе ни го поедностават животот во сите сфери. Технологијата од петтата генерација, заедно со новите технологии: Интернет на нештата, Паметни сензори и Вештачка интелигенција, ќе овозможи рационално и ефикасно да ги користиме природните ресурси и енергијата, да го зачуваме биодиверзитетот, да го зголемиме производството на храна, да ја намалиме емисијата на штетни гасови и друго. Овие технологии ќе бидат најсилната алатка во борбата против климатските промени“, најавува телекомуникациската компанија.

Агенцијата за електронски комуникации вчера објави тендер за доделување одобренија за користење радиофрекфенции за петтата мобилна генерација, преку јавно наддавање. Рокот за доставување на понудите е 35 дена.

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе

Нема простор за двоумење и губење време, затоа Македонија и Бугарија треба да соработуваат што е можно поскоро за да најдат јасен јазик за разбирање, во процес кој би бил следен од ЕУ, Вашингтон и ОН.

повеќе