Мобилна телефонија

Телеком: До крајот на јануари 15 градови подготвени за 5Г

Досега 13 градови во Македонија се подготвени за 5Г, до крајот на месецов, со опрема од најновата генерација ќе бидат покриени и регионите на Струмица и Радовиш, а во средината на годината поголемиот број од урбаните средини, соопшти Македонски Телеком. Компанијата информира дека услугата 5Г ќе биде активирана веднаш по добивањето на одобренијата за користење радиофреквенции од Агенцијата за електронски комуникации.

Оттаму наведуваат дека со континуирани инвестиции и интензивна работа на терен, се поставува напредна комуникациска инфраструктура којашто ќе овозможи гигабитни брзини и подобри технолошки капацитети за корисниците.

Македонски Телеком најавува дека до средината на оваа година, поголемиот дел од населението во урбаните средини ќе може да користи 5Г услуги, што, како што се посочува, е цела година пред очекувањата запишани во националната стратегија.

„Телеком ќе понуди 5Г услуги веднаш по добивањето на одобренијата за користење радиофреквенции од Агенцијата за електронски комуникации. Големите брзини и капацитети на новата 5Г мрежа ќе донесат револуција во корисничкото искуство, молскавично брзо споделување содржини и мала латентност. Оваа технологија ќе биде движечка сила за развојот на нови фукционалности и досега невидени услуги и производи коишто ќе ни го поедностават и подобрат животот во сите сфери. Користењето на сите напредни функционалности од оваа мрежа ќе се одвива постепено во текот на наредните години заедно со растот на можностите на новите технологии“, велат од Македонски Телеком.

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе

Грејната сезона заврши во месец април како и секоја година, но последнава беше со многу проблеми кои произлегоа од енергетската криза, од војната во Украина и генерално од светската економска криза.

повеќе