Текстилниот отпад е можност за нови бизниси

Магацините и халите на штипските текстилни конфекции се затрупани со текстилен отпад. Материјалот кој останува по шиењето на готовите текстилни производи се складира и мора да помине низ посебна процедура, за да се транспортира на градската депонија „Трештена скала". Кирил Нашков, претставник на штипските текстилни конфекции во текстилниот кластер за МИА вели дека токму тој отпад е неубава слика пред странските партнери, кога ги посетуваат фабричките погони, за склучување нови договори.

„Но, сега веќе сите знаат, на почетокот на партнерите мораше да им објаснуваме што тоа значи и зошто го правиме. Се снаоѓаме, со тоа што подискретно го складираме тој отпад, но сега засега таква е законската процедура. Прво треба да поминат од Царина да го видат тој отпад, потоа да го складираме и уништиме“, вели Нашков.

Токму овој отпад е шанса за бизнис, посочува Нашков, но и Борис Шарковски од Фондацијата за развој на локалната заедница (ФРЛЗ) и Кристина Ампева од „Гласен текстилец".

Нашков со партнер од Хрватска пред пет години создале фирма за рециклирање и искористување на текстилниот отпад од македонските текстилни фабрики и тоа за автомобилската индустрија во Хрватска. Но, идејата пропаднала поради актуелните закони и прописи во земјава.

Анализите на Фондацијата за локален развој на заедницата покажуваат дека на штипската депонија „Трештена скала" завршуваат од 600 до 700 тони текстилен отпад наместо да се рециклира, односно да се искористи за производство на нови текстилни производи.

Директорот на штипското комунално претпријатие „Исар", Трајче Здравков, за МИА појаснува дека на депонијата годишно пристигнува околу 30.000 тони различен отпад, од кои потврдува дека од 600 до 700 тони се од штипските конфекции, со што во вкупниот отпад учествува со околу три проценти. Се согласува дека овој отпад влегува со 40 проценти, но ако се земе во делот на индустрсикиот отпад, кој пристигнува на депонијата од сите индустриски капацитети од Општина Штип.

Комуналниот инспектор во Општина Штип, Борче Везенков, вели дека е добро што од 1 јануари 2023 година во сила стапува новиот Закон за употреба на текстилен отпад, масла и гуми од возила.

„Според новиот Закон, член 52, градоначалникот има обврска да одреди локации на кои ќе има селектирање на овој отпад. Се планира на местата каде што ќе бидат поставени контејнери за примарна селекција, а знаете дека на повеќе локации во градот има контејнери во боја, за пластика, хартија и стакло, се надевам дека на истите тие места ќе бидат обезбедени и контејнери за одделено селектирање на текстилниот отпад“, вели Везенков.

Модната индустрија е еден од загадувачите на животната средина, поради несоодветната искористеност на отпадот. Маријана Ацевски-Томовска од Текстилната конфекција „Златекс"-Скопје вели дека современиот начин на живеење налага да се размислува на поинаков начин за квалитетот на животната средина. Текстилниот кластер подолго време се трудеше да изнајде начин како да се третира текстилниот отпад, а истовремено да се почитуваат еколошките стандарди. До пред извесен период целиот текстилен отпад завршуваше на депониите. Меѓутоа, со реализација на регионалниот проект „Енергија од отпад за цементната индустрија од Западен Балкан", со директна поддршка на Германското друштво за меѓународна соработка, се создадоа услови за користење индустриски текстилен отпад како алтернативно гориво во цементарница.

„Со овој проект, го правиме тоа на начин што го носиме текстилниот отпад во Цементарница „Усје", каде што се согорува со многу висока температура и се претвора во гориво, а притоа не испушта штетни гасови во воздухот. Втор бенефит е тоа што во соработка со Царинската управа е поедноставена постапката за уништување на текстилниот отпад и не помалку важен бенефит е тоа што се намалени трошоците“, рече Ацевски-Томовска.

Директните увозници имаат капацитет да собираат и транспортираат отпад, но малите произведувачи зависат од организаторите, посочува Љупка Миладинова-Џамбазовски од текстилната конфекција „Албатрос"-Штип.

Според бизнис-секторот, потребна е институционална поддршка за да може проектот да заживее на целата територија, но сметаат дека ова е одлична бизнис-идеја, која ќе придонесе за чиста и здрава средина.

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе