ТАВ Македонија ги промовира домашните туристички дестинации за нови авиолинии кон Шпанија

ТАВ Македонија, заедно со домашниот тур-оператор за дојдовен туризам Балкан прајм турс, во изминатите три дена беа домаќини на влијателен шпански блогер и претставници на седум реномирани туристички агенции од Шпанија. Целта на оваа иницијатива е да се креира интерес за Македонија како туристичка дестинација кај шпанските патници, со што ќе се поттикнат авиокомпаниите да воведат директни авиолинии меѓу двете земји.

Даниел Переира во македонска носија

„Како аеродромски оператор ние секогаш ги слушаме барањата на патниците. Многумина од нив посакуваат авиолинии од Скопје до Барселона и Мадрид, како и до други атрактивни дестинации во Шпанија. Затоа, како дел од маркетинг-стратегијата и како дел од промотивните активности на ТАВ Македонија, заедно со македонскиот тур-оператор Балкан прајм турс, ги поканивме најистакнатите туристички агенции од Шпанија, заедно со влијателен туристички блогер, за да ја запознаат Македонија и нејзиниот огромен туристички потенцијал како нова дестинација за шпанските патници. Веќе имаме интерес од Македонците да патуваат во Шпанија, па сфативме дека треба да создадеме интерес и кај шпанските патници за на тој начин да ги поттикнеме авиокомпаниите да воспостават директни авиолинии меѓу двете земји. Истовремено, работиме и на привлекување на авиокомпании кои би почнале да летаат и од скопскиот и од охридскиот аеродром до целни и атрактивни дестинации за одмор во Шпанија“, изјави Метин Батак, генерален директор на ТАВ Македонија.

Шпанските гости за време на нивниот четиридневен престој ги посетија тврдината Кале, Старата чаршија, Камениот мост, родното место на Мајка Тереза во Скопје, Шарената џамија во Тетово, стариот дел на Охрид, Хераклеја во Битола, копаничарска работилница и винарија во Кавадарци. Тие имаа можност да ја слушнат приказната за македонскиот рубин, да се сретнат со официјалниот фотограф на фестивалот „Струшки вечери на поезијата“, како и да се запознаат со историјата на познатите охридски бисери. Беа примени и од шпанскиот амбасадор во земјава, кој исто така ја поддржа оваа иницијатива.

„Идејата беше да создадеме искуство каде нашите гости ќе го почувствуваат македонското гостопримство и ќе ја откријат автентичноста на Македонија преку средби со локалното население. Затоа, им овозможивме да ја пробаат уникатната локална и традиционална храна подготвена од страна на семејство од Битола, заедно со дегустација на македонски вина“, информираат од ТАВ Македонија.

Како што известува компанијата, нивните маркетинг-активности за привлекување нови авиокомпании и отворање нови дестинации се постојано во тек.

Поддржани од матичната компанија, ТАВ Аеродроми, македонскиот аеродромски оператор присуствува на најзначајните туристички и воздухопловни саеми на светско ниво, иницира средби и преговори со различни авиокомпании, со цел – зголемување на бројот на дестинации и бројот на патници на двата аеродрома во Скопје и во Охрид. 

„Во рамки на маркетинг-активностите, ТАВ Македонија не ги промовира само македонските аеродроми, туку и Македонија како неоткриена туристичка дестинација“, велат од компанијата.

ТАВ Македонија го заокружи периодот од јануари до октомври 2022 година со 2 милиона (2.031.562) патници кои патувале преку двата македонски аеродрома, Меѓународниот аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле–Охрид. Ова претставува -11 проценти споредено со истиот период во 2019, година што се смета за референтна во авијацијата, или периодот пред пандемијата со Ковид-19. Споредено со истиот период – јануари-октомври 2021 година, бројот на патници на скопскиот и охридскиот аеродром закрепнува, односно од јануари до октомври е зголемен за 78 проценти

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе