Tранспаренси интернешнл

Тасева: Фени е поголемо од Скопје 2014

Незаконитост, дрскост и арогантно однесување на вклучените во телата на стечајот, страв кај доверителите, злоупотреба на сиромаштијата на вработените… Ова е поголемо од Скопје 2014. Институциите се заробени, потребен е отпор. Силна јавна реакција. Гледам дека медиумите имаат реклами поради кои не се слободни, но утре ќе биде доцна, изјави денесла Слаѓана Тасева, претседателка на Трнспаренси интернешенел за стечајната постапка во Фени.

ТИ, по извршениот мониторинг на постапката за стечај на Фени индустри АД Кавадарци, бара отфрлање на планот за реорганизација на компанијата.

Транспаренси интернешнел Македонија ги повикува сите институции во државата, вклучително Судскиот совет, Финансиската полиција, Јавното обвинителство да преземат мерки во рамки на своите надлежности за да ги испитаат сите незаконитости во постапката.

Тасева вели дека  станува збор за проблем што е многу поголем од Скопје 2014 и по обем и пари и по штета за Република Македонија. Таа го повика стечајната судијка Валентина Ѓеоргиевска да постапи според Законот за стечај и да го отфрли планот за реорганизација на стечајниот должник Фени индустри АД Кавадарци како ненавремен укажувајќи на суштински повреди.

На новинарско прашање зошто застапува интереси на компанија која претходно е прогласена за коруптивна, Тасева одговори дека тие само постапуваат по претставка и тоа не значи дека застапуваат било чии интереси.

„Ако вака остане состојбата, очекувам дека Фени нема да трае подолго од септември или декември оваа година. Тие вработени ќе останат на улица. Овој гигант ќе биде прогласен за нерентабилен и Република Македонија ќе го изгуби Фени“, рече Тасева.

Прашана за посочувањата од вицепремиерот Кочо Анѓушев повеќе да работат на тоа како дошло до оваа стечајна постапка, Тасева рече дека постапувањето на тоа што било претходно е работа на институциите што ги контролираат оние кои денеска се на власт.

„Нека работат институциите да видат што било вчера. Нашата работа е да ја следиме работата на оваа влада. Тоа никогаш не и се допаѓало на ниту една влада, ама тоа е нашата работа и ќе продолжиме да го правиме. Наше е и денеска да не се краде“, рече Тасева.

Истражувањето на ТИ покажало дека  непозната компанија добила тендер за обработка на никел, но не е познато кој го потпишал договорот во нивно име. Транспаренси ги обвинува стечајниот  управник  и стечајниот судија за корупција, поради што е покрената и тужба против нив. Истрагата е покрената по претставка од фирмата „Кунико рисорсис”, кои тврдат дека вицепремиерот Кочо Анѓушев вмешал прсти во нелегален  бизнис на компанијата.

Наспроти ова, синдикалниот одбор на „Фени индустри“ во отворено писмо до претседателката на  ТИ, ја повикуваат Тасева да се откаже од застапување на интересите на „Кунико рисорсис“ и од ревизија на стечајната постапка. Според нив, токму „Кунико рисорсис“ е виновсник за лошата состојба во компанијата која соведе до покренување на стечајната постапка.

„За нас е навистина нејасно, како една личност, во случајот г-ѓа Слаѓана Тасева која претставува светска реномирана органиазација од коај се очекува да се стави себе и организацијата која ја претставува, во служба на граѓаните, може да заземе страна и да постапи по претставка без да направи вистинска проеверка на фактите и податоците, да манипулира со информации, а да пласира дезинформации и згора на сѐ, оваа личност да одржува прес-конеренција на која изразува неиздржани обвиненија, со што директно ги загрозува нашите работни места, го валка угледот на државата и институциите, но според нас, всушност нанесе најголема штета на репутацијата на Транспарени интернешнл, ставајќи ја целата организација во функција на нечии лични, но и нечесни интереси“, пишува во писмото.

Синдикалците од „Фени“ ѝ забележуваат на Тасева дека покрај другото се обидела да биде и правен застапник на фирма која е вклучена во постапката за стечај.

„Загрижени сме од информациите дека токму госпоѓата Тасева се нудела како правен претставник и помагател на една од компаниите кои се вклуени во процесот на стечај за надомест од 50.000 евра и дополнителни средства по постапката“, пишува во писмото.

Владите постојано ги повторуваат истите грешки. Тие го сметаат долгот како предност за долгорочен раст, наместо она што тој всушност е: тежок товар и извор на масивни долгорочни ризици.

повеќе

Гостиварскиот градоначалник од сограѓаните побара да бидат потолерантни кон однесувањето на печалбарите.

повеќе

Дента кога македонската делегација беше на пат за Нивици, Заев со себе требаше да понесе еден венец.

повеќе