Стопанска комора

Танер Акцок: Ние сме „Амазон“ за банкарската индустрија

Еден од панелистите на Балкански претприемачки самит, кој доаѓа во Скопје е Танер Акцок, 30-годишен турски бизнисмен кој во моментов раководи со две банки во Германија. Работното искуство го стекнал во „Мајкрософт“, а повеќе пати е прогласен и за иноватор на годината. Во 2013 година се сели во Сан Франциско каде започнува со својот стартап „AppAnalytics“, кој е прогласен за еден од водечките аналитички апликации во САД. Две години подоцна, успешно го продава својот бизнис и се сели во Берлин.

 

Во Берлин станува директор на компанија со тројца вработени која има за цел да направи иновација во системот на отворено банкарство. Три години подоцна, Танер има тим од 200 вработени и клиенти како Deutshce Bank, Solaris Bank, Sparkasse Austria итн.

Во Скопје доаѓа како говорник на Балканскиот претприемачки самит, кој ќе се одржи во петок, на 13 септември, во хотелот „Хилтон“. Компанијата на Танер по успехот во Западна Европа и договорите со 200 банки, има за цел да се прошири токму и на Балканот.

За процесот на отворено банкарство и иновацијата во „финтек“-индустријата ќе говори токму тој на Самитот.

На покана на Стопанската комора на Македонија и Центарот на неформално образование „Creative Hub“, Танер Акцок пред присутните на Балканскиот претприемачки самит ќе говори на тема: „Раководење со најголемиот финансиски апи провајдер“. Покрај Акцок, пред учесниците на Самитот ќе говорат и: Васил Наци, основач и претседател на „Агна Груп“ со нето вредност над 500 милиони САД долари, Еван Лутра од Индија, сериски претприемач, почесен докторант и говорник на Економскиот Форум во Давос, Евгениј Ангелов, претседател на Бугарската асоцијација за „вентуре-капитал“, партнер во „Постскриптум вентурес“, како и многу други истакнати претприемачи од регионот и пошироко.

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе

Овој термин, без исклучок го употребуваат сите партии кога се во опозиција. СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците, ДПА...

повеќе