Танасоски до увозниците на половни возила: Уредбата за увоз останува, рано е за промена

Уредбата за увоз на автомобили која стапи на сила од 1 јануари годинава и предвидува посебен данок за возилата врз основа на еколошка компонента засега нема да се менува, им порача директорот на Царинската управа Ѓоко Танасоски на увозниците на половни возила кои за денеска најавија протест.

Танасоски вели дека се отворени за забелешки, но и дека е рано за промена, прво треба да се почекаат резултатите.

„Уредбата е донесена врз основа на посебен Закон за посебен данок на моторните возила и во таа уредба е дефинирано она што по старо беше акциза сега се вика посебен данок за возила и при пресметката на овој данок главната измена се однесува на еколошката компонента која е вметната во пресметката на овој данок, а тоа опфаќа на пример до 10.000 евра кои досега ништо не плаќаа, сега ќе плаќаат врз основа на еколошката компоненета, односно што помалку загадуваат, помалку ќе платат. Главната поента на овој закон, на оваа уредба, е еколошката компонента и првпат се презема еден храбар исчекор во контекст на справувањето со загадувањето на животната средина преку мотивирање на увоз на поеколошки возила, отколку понееколошки“, изјави Танасоски, одговарајќи на новинарски прашања во врска со најавениот протест на увозници на половни возила.

Тој рече дека нема известување за протестот, и додаде дека најверојатно станува збор за увозници на половни возила, бидејќи не сите увозници имаат забелешки.

„Засега останува истата уредба. Ќе ги разгледуваме забелешките и понатаму. Ќе се прават анализи, меѓутоа треба да бидеме свесни дека нема ни еден месец откако е доенсена уредбата за да се увидат резултатите и да видиме дали може, дали треба или не треба да се интервенира“, истакна Танасоски.

Директорот на Царината информираше дека двапати имале средба со увозници од Крива Паланка и другата група од повеќе градови, го сослушале нивните ставови, но ги  претставиле и ставовите дека новиот Закон и новата уредба внесуваат поголемо регулирање на увозот на половни возила и она што е важно, се овозможува и база на податоци врз основа на кои вистински ќе се согледа кое е реалното загадување во Македонија, кој вид на возила се увезуваат, за да може врз основа на тие анализи да се преземат чекори.

Податоците на Царинската управа, како што кажа, покажуваат дека е зголемен увозот на возила откако е објавена уредбата, а пред да стапи во сила.

„Во декември откако е донесена уредбата, а пред да стапи на сила биле увезени 6.000 возила, а просекот за декември бил меѓу 2.000 и 2.500 возила“, изјави Танасоски.

 

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе