Свислајон Таково ќе произведува кечап и мајонез во Македонија

Сопственикот на српската фирма „Свислајон Таково" Родољуб Драшковиќ донел одлука да почне со производство на кечап и мајонез во Македонија, по затварањето на производствениот погон во Невесиње, БиХ.

Сопственикот на српската фирма „Свислајон Таково“ Родољуб Драшковиќ донел одлука да почне со производство на кечап и мајонез во Македонија, по затварањето на производствениот погон во Невесиње, БиХ.

Како што изјави за Вечерни новости директорот на „Свислајон Требиње“ Александар Којовиќ, фабриката во Невесиње е затворена поради економски причини.

„Производството на сокови ќе го преселиме во Горни Милановац, а производството на кечап и мајонез во Македонија. Причините се чисто економски, односно главната причина за затворање на фабриката е нејзината финансиска неисплатливост. Имавме огромни транспортни трошоци, бидејќи суровините доаѓаа од Србија, а патната инфраструктура е лоша, изјави Којовиќ.

Тој посочи дека работењето на фабриката во Невесиње значително го оптовариле новововедените такси од Косово, каде што се проваа повеќе од 15 проценти од производите.

Концернот „Свислајон Таково“ од Горни Милановац е стопански гигант во прехранбената индустрија во Србија во производството на еуро крем, бисквити, чоколади, детската храна Јувитана, кечап и мајонез, сокови и други производи.

Сопственикот Родољуб Драшковиќ поседува и неколку фабрики во регионот, меѓу кои е и Свислајон Агроплод од Ресен.

 

Во дипломатијата како гранка од јавно политичкиот живот професионалните кадри треба да бидат повеќе застапени од политичките.

повеќе

Апелирам до лидерите на партиите да не им „помагаат" на кандидатите.

повеќе

Во ерата во која сите напредни земји во светот престануваат со употреба на фосилни горива, ние отвораме нови наоѓалишта, наоѓаме оправдување за исцрпување на необновливите ресурси и за активирање на најголемата глобална закана за морската биолошка разновидност.

повеќе