Светска банка задоволна од реформите во Македонија

Македонија спроведува реформи кои ќе ја намалат невработеноста, приватниот сектор создава работни места, државата вложи многу за реформи, за подобрување на институциите и регулативата... пишува во последниот извештај на Светската банка за Европа и Централна Азија

Светска банка е оптимист во однос на состојбата со невработеноста во Македонија. Во изминатите години преземени се доста реформи во делот на политиките за вработување и очекуваме да видиме резултати. Ова е оценката во извештајот на Светска банка за Европа и Централна Азија „Назад на работа: Раст со работни места во Европа и Централна Азија“, кој денеска беше презентиран во Скопје.

„Работните места се круцијално прашање за развој на Република Македонија. Невработеноста е многу висока, а половина од населението меѓу 15 и 64 е невработено. Македонија презема чекори за да се надмине таквата состојба и невработеноста во последната година падна под 30 проценти. Тоа е пат кој треба да го изодиме заедно“, рече Татјана Проскурјакова, директорката на Светска банка во Скопје и додаде дека Македонија и Светска банка работат на заедничка стратегија за намалување на невработеноста.

Диме Спасов, министерот за труд и социјална политика изјави дека се подобрени условите во приватниот сектор за отворање работни места и дека е донесен оперативен план со кој се предвидува годинава да бидат вработени 4.000 лица.

Во Извештајот, како што рече Омар Ариес од Светска банка, е посочено дека реформите што ги презема Македонија во изминатите години би требало да покажат резултати во однос на отворањето нови работни места. Такво искуство, додаде Ариес, е видено и во други земји, како Полска и Турција.

„Македонија е една од земјите во регионот кои вложија најголеми напори за реформи, за подобрување на институциите и регулативата, што му овозможи на приватниот сектор да создава работни места“, рече Ариес.

Време е да се фокусираме врз суштинските проблеми. Време е да создадеме вистински ’општествен договор‘ за владеење на правото и на човековите права како главни столбови на европските вредности

повеќе

Стратешко партнерство на македонската влада со Зока енерџи солушнс, компанија регистрирана за обработка и отстранување на опасен отпад, не е правилен начин за решавање на проблемот во мала држава како Македонија.

повеќе

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе