Светска банка со програма за помош на Македонија од околу 140 милиони евра

Светска банка ја финализира програмата на активности за помош на земјава за справување и намалување на влијането од коронакризата. Помошта, како што наведува групацијата во најновиот извештај, е околу 140 милиони евра.

„Помошта вклучува и нов брз проект како одговор на итните приоритети во здравствениот сектор, но и за заштита на приходите на домаќинствата, како и реструктуирање на веќе одобрени проекти за мобилизирање на средства за поддршка на малите и средни претпријатија. Се очекува овие програми да изнесуваат околу 140 милиони евра“, стои во објавениот извештај на Светска банка. 

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе