Светска банка додели кредит од 157 милиони евра за нови патишта

Светска банка одобри кредит за финансирање на патишта во Република Македонија во износ од 52 милиони евра, а договорени се и нови 105 милиони евра за истатаа намена.

Со овие кредити ќе се финансира изградбата на патиштата од Битола до Ресен, Дебар-Бошков мост, Кочани-Делчево, Делчево - Голак, од Ранковце до Крива Паланка...

Министерот за финансии Зоран Ставрески и гувернерот Димитар Богов учествуваа на редовните годишни средби на ММФ и на Светската банка во Вашингтон.

Со позитивни вести се враќаме од Вашингтон, изјави Ставрески, бидејќи она што можевме да го слушнеме е дека Република Македонија добро се справува со предизвиците на состојбите во Европа и оти со остварените стапки на раст можеме да бидеме задоволни дека одиме во добра насока.

Гувернерот Богов изјави дека во Вашингтон, заедно со Ставрески, присуствувале на исклучително квалитетни панел дискусии на кои имале прилика да ги видат ставовите на водечките креатори на економските политики во глобалните финансиски институции, но и на водечките земји во светот.

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе