Свечено отворен автопатот Миладиновци - Штип, ќе бидат засадени 60 илјади багреми

Oткако веќе неколку недели возачите го користат автопатот Миладиновци – Штип, денеска Владата организира свеченост и официјално го пушти овој правец во употреба. Вкупната должина на автопатот е 47 километри, има седум клучки, а вкупната инвестиција беше 177,3 милиони евра.

„Треба да бидеме горди бидејќи завршивме со изградба на еден импозантен капитален проект, а тоа е автопатот Миладиновци-Штип. Со тоа граѓаните добија безбеден автопат со што ќе го скратат патувањето за триесетина минути, а воедно создадовме услови за поефикасен и побрз транспорт на стоки и услуги што е важен предуслов за инвеститорите да ја мапираат нашата земја како стабилна бизнис дестинација“, изјави премиерот Зоран Заев на церемонијата по повод пуштање во употреба на автопатот.

„Ова модерно автопатско решение е лицето на новата модерна Северна Македонија која продолжува да се гради, поврзува и интегрира. Нашата цел е да ги овозможиме сите потребни услови, меѓу кои квалитетна инфраструктура и владеење на правото за домашните и странските инвеститори да почувствуваат сигурност и да се одлучат за нови инвестиции и да отвораат нови фабрики во кои ќе се вработат многу наши граѓани. Поврзувањето на нашата земја внатрешно помеѓу градовите, селата и населените места со квалитетна патна инфраструктура, и надворешно кон соседните земји останува да биде наш високо рангиран приоритет“, рече Заев.

Преку ЈП за државни патишта ќе бидат засадени 600 илјади садници долж автопатот.

„Најголемите активности за изградба беа извршени во текот на 2018 година, во реализацијата на проектот беа вклучени повеќе од 350 градежни машини, 850 лица како инженерски и технички персонал, од кои најголемиот дел беа од нашата земја, а 55 лица од Кина. Што се однесува до финансиската реализација, можам со гордост да информирам дека првично вредноста на договорот изнесуваше 226,7 милиони евра, но Јавното претпријатие за државни патишта со домаќинско и правилно работење успеа да направи заштеда од 44 милиони евра, односно изградба на автопатот не чинеше 177,3 милиони што е показател за успешно завршен проект“, истакна директорот на ЈП за државни патишта, Зоран Китанов.

Руиџун Џанг, претставникот од компанијата „Синохидро“ потенцираше дека компанијата ја користела својата напредна технологија и ресурси и во соработка со партнерите од Северна Македонија успешно го завршила овој проект, кој ќе стане симбол на партнерството меѓу Северна Македонија и Кина.

Едно современо демократско општество се разликува од тоталитарното токму по тоа што јавната критика е основно полемичко право и должност на медиумите.

повеќе

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе