Спремен да разговара со угостителите

Свадби нема да има, немам храброст да одам против Комисијата за заразни болести, вели Битиќи

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи е спремен да разговара со угостителите за да се изнајде решение за нивните барања, но нема да оди против препораките на Комисијата за заразни болести.

Мислам дека  решенијата се веќе изнајдени само треба соодветно да ги искомуницираме. Во овој момент битно е дали и колку ќе излеземе помалку погодени од кризата, а не дали сме погодени. Сите сме погодени од кризата, некој е погоден здравствено, а некој економски, но на крај од кризата ќе треба сите заедно да седнеме и да видиме како да заздравиме од кризата. Затоа сум  отворен да седнам да разговарам со секој еден кој смета дека има потреба за разговор, рече Битиќи денешната прес-конференција во Владата, пред протестот на угостителите закажан за денеска пред Владата.

Според него, угостителите се идентификувани како еден од најпогодените сектори во предложените економски мерки.

„Во ниедна мерка која е донесена угостителите не се исклучени, но јас немам доблест и храброст да одам против препораките на Комисијата за заразни болести. Сите треба да прифатиме дека секој треба на професионален начин да ја одработи својата задача. Треба да ја слушаме Комисијата и да ѝ веруваме дека е најдобро за здравјето на граѓаните кога ќе укаже дека не е дојдено времето за олеснителни околности за работа“, рече Битиќи.

Тој уште додаде дека угостителите за организирање свадби и други свечености не се ставени во ист кош со другите угостители.

„Механизмот од втората мерка која е предвидена во новиот пакет им дава можност на овие угостители навистина да добијат значително поголеми неповратни средства во моментот кога ќе почнат да работат заради нивните финансиски резултати и неработењето една година. Токму затоа мислам дека треба да седнеме, да разговараме и да ги објасниме сите забелешки, бидејќи никој не е ставен во ист кош“, изјави Битиќи.

 

 

 

 

Албанскaта политичка и научна јавност имаат објективен пристап и разбирање дека прашањата што се на масата за разговори со Бугарија не се воопшто лесни за решавање.

повеќе

Половични регионални форми на соработка и здружување се опасни за Македонија.

повеќе

Време е да се фокусираме врз суштинските проблеми. Време е да создадеме вистински ’општествен договор‘ за владеење на правото и на човековите права како главни столбови на европските вредности

повеќе