Сугаревски: Патот Маврово – Никифорово ќе биде готов до крајот на октомври

Министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Зоран Китанов денеска направија увид во рехабилитацијата на регионалниот пат Маврово – Никифорово. Патот е долг 6,6 километри и во тек се активностите за асфалтирање што се очекува да завршат следниот месец.

Министерот Сугаревски нагласи дека градежните работи се одвиваат со забрзана динамика и очекува следниот месец овој пат да биде завршен.

„Маврово и Реканскиот карај се многу значаен регион каде е потребно да го развиваме туризмот од сите аспекти. Нашите залагања и примарен фокус е да обезбедиме подобри услови во патната инфраструктура. Наша надлежност е да го подигнеме нивото на услуги што ги нуди регионот“, изјави министерот Сугаревски и напомена дека во тек се повеќе активности за подобрување на инфраструктрута во овој регион.

Инвестицијата за предвидените активности за рехабилитација на патот што води од селото Маврово до Никифорово е 53 милиони денари, и е дел од Програмата за изградба, реконструкција, рехабилитација и одржување на патиштата.

Директорот на ЈП за државни патишта, Зоран Китанов, ги најави и проектите кои се одвиваат на терторијата на Општина Маврово Ростуше за која, како што рече, изминативе четириесетина години не било вложувано во патиштата во овој крај.

„Работите се во завршна фаза и се поставува асфалтниот слој и ова е дел од активностите кои се предвидени за овој крај. Наскоро треба да заврши и рехабилитацијата на еден дел од патот Маврово Анови-село Маврово, а се очекува да биде и санирано свлечиштето на патот од Маврово до Галичник. Наскоро треба да биде завршен и тендерот, и очекувам скорешен почеток на работите на регионалниот пат на делницата Маврови Анови-Жировница вреден над седум милиони евра“, рече Китанов.

За овој патен правец, како што нагласи Китанов, средствата се обезбедени преку ЕБОР и рехабилитацијата да заврши идната година.

Според најавите на Китанов и Сугаревски, делницата од селото Никифорово преку Леунови се до месноста Бунец, со што ќе се заокружи целото Мавровско езеро. Ќе почне оваа есен и ќе трае до идната година. Предвидено е реконструкција на патот за проширување на коловозот и поставуавње на нов асфалтен слој.

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе