Министерство за транспорт и врски

Сугарески: Се водат финални преговори интензивно да продолжи изградбата на автопатот Кичево – Охрид

Со кинеската компанија Синохидро моментално се водат финалните преговори за интензивно да продолжи изградбата на автопатот Кичево – Охрид, најави вечерва министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

„Очекувам до крајот на месецов да поднесеме до Владата и до Собранието нов анекс на договор со кој ќе се ослободат 230 милиони евра и на тој начин ќе се интензивира градбата. Со самото ослободување на средствата кои ќе можеме да ги алоцираме по различни ставки, ќе може да продолжи изградбата и да се платат компаниите кои работат на изградбата на автопатот. Изведувачите и подизведувачите и во моментво работат во делот кај што нема проблеми“, рече Сугарески во интервју за ТВ Канал 5.

Тој нагласи дека паралелно се работи на препроектирање на пропустите поврзани со тунелот, свлечиштето и пристапните патишта.

Очекува да биде навреме завршен автопатот Скопје-Штип, чиј рок за изведба истекува на 30 септември годинава.

„Имваме средба со Синохидро и подизведувачите и нашите очекувања се дека до 30 септември овој автопат ќе биде комплетно завршен и пуштен во употреба. Во моментов интензивно се работи и на експресниот пат Крива Паланка – Ранковце. Има интензивирање и на активноста на делот од Крива Паланка до границата, каде ќе бидат реконструирани пет километри, а на осум ќе биде изграден нов патен правец“, кажа Сугарески

Сугарески им порача на граѓаните дека се сигурни и безбедни сите мостови кои се изградени на државните патишта и се во надлежност на државата.

„На Коридорот 10 НАТО ги има реконструирано сите мостови, а на Коридорот 8 во тек е реконструкција по сите европски стандарди на пет мостови на патот Кичево-Гостивар, а наскоро ќе се санираат седум други мостови“, изјави Сугарески.

                                                                                  

 

Граѓаните сѐ повеќе ја согледуваат неопходноста од непартиска форма на самоорганизирање.

повеќе

Придобивките од дрвјата за урбаниот екосистем и квалитет на воздухот можат да се зголемат со систематско планирање на зелениот простор. Дизајнирањето на зелените простори во градовите треба да ја опфати и функцијата за чистење на воздухот.

повеќе

На Грците не им е важно дали вечно ќе ја нарекуваат соседната земја „Скопје“, или дали соседите утре сами ќе почнат да се нарекуваат „Република на Осамениот Бор“. Она што ним навистина им е важно е како ја нарекува остатокот од светот.

повеќе