Сугарески се пофали со над 500 километри обновени патишта до крајот на годинава

Градежните активности за унапредување на патната мрежа во државата насекаде се одвиваат со силно темпо, оцени министерот за транспорт и врски Горан Сугарески по увидот во работите на делницата од магистралниот пат Гостивар – Кичево. Според него, годинава ќе заврши со над 500 километри обновени патишта.

„По увидот во работите на патниот правец Здуње – Гостивар, забележливо е дека градежните работи се одвиваат со добра динамика и очекуваме до крајот на ноември патот да биде завршен. Нашата цел е да создадеме квалитетна патна мрежа низ целиот западен дел на земјата, која ќе овозможи економски развој и брза врска од Скопје кон Охрид и Струга. Досега изградивме, рехабилитиравме и реконструиравме 770 километри патна мрежа со вкупна вредност од преку половина милијарда евра. Оваа година ќе ја завршиме со преку 500 километри рехабилитирани патишта, од кои најголем дел регионални патишта кои биле заборавени и не беа рехабилитирани со децении”, изјави Сугарески.

Ваквиот тренд, според него, ќе продолжи и следната година и планирано е да се изврши рехабилитација и реконструкција на дополнителни 450 километри регионални и магистрални патишта низ државата, како и да се вложат 70 милиони евра за изградба и санација на локални патишта и улици низ општините. Сугарески апелираше до локалните самоуправи да ги подготват проектите и навреме да ги поднесат.

Фото: МИА

Информацијата дека коронавирусот може да се пренесe преку допир со готовина, дополнително ги мотивираше луѓето да се ослободат од банкнотите. 

повеќе

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе