Сугарески: Очекувам солидни резултати кај капиталните инвестиции

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески денеска оцени дека според последните показатели има сериозно подобрување во реализацијата на капиталните инвестиции во ресорот што го предводи во првиот квартал од годинава и оти очекува солидни резултати за тековниот квартал.

Одговарајќи на новинарски прашања, Сугарески рече дека во првите четири месеци кај гасификацијата се реализирани 27,4 проценти,  односно 400 милиони денари, износ што бил реализиран во цела 2018 година. Последните показатели се високи и за делот на железницата, а се очекуваат  оставрувања и кај асоцијхалните станови.

„Исклучително е добра реализацијата во делот на патиштата, мостовите, патарините кои не се водат под централен Буџет но многу малку се кажува за тоа. Ако споредуваме со ланската година, показателите што беа на 16 мај ако ланската година биле милијарда и седумстотини милиони денари сега се четири милијарди денари. Очекувам од она што го најавувавме и што во дел се остварува, веќе во вториот квартал се гледаат  резултатите за реалзиацијата на капиталните инвестиции што очекувам дека ќе бидат сериозно солидни“, изјави Сугарески, по потпишувањето на Договорот за финансирање на Проектот за олеснување на трговијата и транспортот на Западен Балкан.

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Зоран Китанов истакна во првиот квартал годинава во однос на истиот период лани претпријатието има зголемување за 215 проценти кај платените завршени капитални инвестиции. Во 2018 година имало 950 милиони денари плус, а годинава две милијарди и 950 милиони денари.

Се работи на 94 проекти на територијата на целата држава.  Се изведуваат рехабилитации на патишта во должина од 400 километри, се градат и се реконструираат мостови, свлечишта. За жал, посочи Китанов, нашите капитални инвестиции не влегуваат во капиталните инвестиции на државата.

Министерот за финансии Драган Тевдовски, исто така оцени дека годинава има подобрена реализација на капиталните инвестиции и оти очекува повисоки стапки на раст на БДП ако се земат предвид  и податоците за другите негови компоненти, како индустриското производство, извозот и кредитната активност на корпоративниот сектопр.

„Кога ги анализираме бројките и кога ги гледаме компонентите кои влијаат на БДП важно е да кажеме дека оваа година во поглед на капиталните инвестиции сме многу подобри од минатата,пред се, Јавното претпријатие за државни патишта. Ако ги ставиме заедно другите компоненти на растот, ако тука го ставиме индустриското производство кое расте за околу осум проценти, извозот, растот на кредитната активност кај корпоративниот сектор, нашите очекувања се дека оваа година може да очекуваме дури и повисока стапка на раст на БДП. Заради тоа мислам дека е многу важно да се каже оваа година во поглед на капиталните инвестиции сме многу подобри од минатата година“, рече Тевдовски.

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе

Минатата недела, Сирија повторно беше на врвот на меѓународните вести. Земјата, која долги години е вклучена во борбата против екстремистичките групи, повторно се соочи со нов бран на агресија и воена акција. Во средата, на 9 октомври, турската армија, заедно со сириските антивладини бунтовници, го започна маршот кон североисточните делови на оваа земја што предизвика жестоки борби.

повеќе