Сугарески најави изградба на 467 социјални станови

Во наредниот период планирана е изградба на 467 социјални станови  во Скопје, Пехчево, Свети Николе, Виница и Пробиштип, најави денеска министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески. 

Во Скопје е предвидена изградба на 312 социјални станови, по 34 во Пехчево и во Свети Николе, 39 во Виница и 48 во Пробиштип.

По средбата со директорот на АД за стопанисување со станбен и деловен простор Христијан Трајковски, министерот рече дека Владата е силно посветена на решевање на станбното прашање на најранливите категории граѓани и заради тоа во следниот ќе се интензивираат активностите.

Становите за социјално ранливите категории се со големина од 35 до 45 метри квадратни и ќе се користат по цена од 15 денари за метар квадратен.

Веќе се завршени зградите со 43 социјални станови во Кочани и со 10 станови во Македонски Брод, а според Сугарески, до крај на годинава или на почетокот на наредната ќе биде објавен повик за нивна распределба. Во тек е изградба на уште две згради во Гостивар со 70 стана и во Струмица со 41 стан, кои се очекува да бидат готови следната година.

„Постапката при распределбата на становите ќе биде транспарентна“,  рече Сугарески.

Најавените активности се дел од проектот со кој до 2020 година треба да бидат изградени 33 згради со 1.741 стан за социјално ранливи категори. Досега се изградени 16 згради со 731 стан. Проектот се спроведува со Банката за развој при Советот на Европа, со буџет од 50.700.000 евра, од кои 50 проценти се обезбедени од Буџетот на РМ. 

Одлуките донесени од поранешната власт, како што се докажа, беа лоши.

повеќе

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе