Почнува за десетина дена

Сугарески: Ќе се проширува и обновува патот Крива Паланка-Деве Баир

За десетина дена се очекува да почне рехабилитацијата на патниот правец Крива Паланка-граничен премин Деве Баир, со изградба на трета лента, што ќе значи целосно решавање на проблемот со патната инфраструктура во овој регион и подобрување на сообраќајното поврзување, најави министерот за транспорт и врски Горан Сугарески при денешната посета на Крива Паланка. 

Сугарески и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Зоран Китанов извршија увид во завршните градежни активности на рехабилитацијата на регионалниот патен правец на населените места Самоков-село Добровница-село Луке и село Крстов Дол.

„Државата сериозно се грижи за инвестирање во овој регион. Се прави патот од Ранковце до Крива Паланка, паралелно ќе продолжи да се прави патот од Ранковце до Куманово, така што овој период сериозно ќе продолжи инвестирањето, а исклучително е важно што за брзо време ќе почне да се рехабилитира  и прави патот од Крива Паланка до граничниот премин Деве Баир, проект во висина од 12 милиони евра. Вложено е многу и во регионални патишта во овој регион, а и во понатамошниот период најавуваме дека жителите на овој регион може да очекуваат и во иднина да се инвестира и да се решаваат проблемите со кои се соочуваат“, изјави Сугарески.

Тој информираше и дека за пругата Бељаковце-Крива Паланка се обезбедени 68 милиони евра грант-неповратни средства, а досега владата рехабилитирала над 500 километри патна инфратструктура, додека Владата на ВМРО-ДПМНЕ за 11 години рехабилитирала 650 километри патишта, додаде Сугарески.

Следната недела, како што најави, Министерството за транспорт и врски ќе го распише повикот за набавка и инсталација на водомери во Крива Паланка.

 

Излегува дека само Македонците на овој свет се должни пред сè да се грижат за правата на сите други луѓе и на крајот да размислуваат (но само да размислуваат) за себе.

повеќе

Интернационалистички, универзалистички и солидарен пристап е единствениот начин да се надмине еколошката и климатска криза, во регионот и пошироко.

повеќе

Мора да се пристапи кон воведување нови мерки за поголема контрола на лицата кои поседуваат нелегални пари.

повеќе