МИНИСТЕРСТВО ЗА ТРАНСПОРТ

Сугарески: 35,4 милиони евра грант од ЕУ за патот Дреново - Градско

Потпишан е нов билатерален договор со Европската Унија за кофинансирање на проектот за изградба на експресниот пат на делницата Дреново-Градско, како дел од крак 10-Д на патниот Коридор 10, информираше денеска Горан Сугарески, министерот за транспорт и врски.

„Овој нов договор со ЕУ е од исклучително значење за модернизирање на патната инфраструктура во Пелагонискиот регион. Европската Унија подржувајќи ги напорите на Владата, донесе одлука со грант во износ од 35,4 милиони евра, да се вклучи во финансирањето на  експресниот пат од Градско до Дреново. И постапката за избор на градежна компанија што ќе ја гради оваа делница е во завршна фаза и затоа очекуваме до крајот на овој месец да се потпише и договорот со најповолниот понудувач. Со договорот се предвидува градежните работи на оваа делница долга 15 километри да започнат до крајот на 2017 година и да се завршат во рок од 2 години или некаде до крајот на 2019 година. Втората фаза, изградбата од Фаришка до Дреновска клисура е во тек. За третата фаза од Тројаци до Плетвар, вклучително и влезот во Прилеп, во тек се преговори со Европската Унија за да обезбедиме дополнителни средства. Очекуваме некаде крајот на 2019 година да имаме комплетно нов експресен пат од Градско до Прилеп на кој ќе се зголеми и брзината и безбедноста за сите што патуваат кон тој дел во Република Македонија“, изјави денеска Сугарески.

Eве ние ве сакаме, ве каниме да ни се придружите, ама за тоа ќе морате да се откажете од најсветото, од вашето „јас“ !?

повеќе

Доколку Нимиц нè разочара, Владата ќе биде исправена пред тешка дилема дали да стави помалку поволен предлог на референдум или да чека поповолен за да ги максимизира шансите референдумот да успее, но притоа и да ризикува губење на моментумот.

повеќе

Определуваќи се за европските вредности на демократијата се наоѓаме пред историска шанса која не треба и не смее да се пропушти не само во односите со Бугарија.

повеќе