Субвенции за инвертер клими наместо печки на дрва

Жителите на трите најзагадени градови во државата, Скопје, Битола и Тетово, ќе бидат „привилигирани" да ги заменат печките на дрва бесплатно со инвертер клими.

Владата пред речиси две недели најави субвенции за инвертер клими, а засега не е познато кој ќе ја финансира оваа мерка и колку домаќинства ќе бидат опфатени со истата.

До стартот на грејната сезона има уште еден месец, но екологистите скептични велат дека со мерките за загадувањето повторно се доцни.

„Целта ни е да вратиме дел од исклучените 14.000 домаќинства во системот на БЕГ. Таму каде што не е возможно тоа, каде граѓаните се греат на дрва, и каде што загадувањето е најголемо, значи не само во Скопје, туку и во другите градови, планираме да воведеме сет мерки за субвенционирање“, изјави Митко Андреевски, претседател на Комисјата за енергетика на СДСМ.

Од ВМРО-ДПМНЕ се скептични во однос на оваа мерка затоа што „не придонесуваат ништо за подобрување на животот на граѓаните, а власта не може да го реазлира ниту планираниот буџет за годината“.

Повикот за такви субвенции е отворен до 30 ноември.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе