Студенти од Медицинскиот факултет во Штип една година беа на пракса во „Аџибадем Систина“, проектот продолжува и в година

„Академска пракса Аџибадем Систина“ е проект на Клиничката болница „Аџибадем Систина“ и Факултетот за медицински науки при УГД Штип кој што започна лани во ноември и во рамките на кој студентите од факултетот имаа можност за следење на практична настава во болницата. Денеска завршува првата година од успешно реализираната соработка.

„Проектот се реализираше и подобро отколку што очекувавме и некои од дипломираните студенти веќе станаа наши колеги – доктори, праксата ја спроведовме токму во година на корона пандемија кога студентите немаа можност преку практична настава да ги комплетираат студиите и затоа Клиничката болница ‘Аџибадем Систина‘ им излезе во пресрет и покажавме со пример што значи едно јавно приватно партнерство без бенефит за никој друг освен за студентите. Болницата во соработка со УГД Штип со оваа пракса ќе продолжи и следната година и се надевам дека ќе прерасне во традиција. Студентите беа пречекани и едуцирани од врвни професионалци и можеа практично да следат интервенции и да се уверат дека можности и услови како во најсовремените европски болници постојат и кај нас. Огромна благодарност до ректорот на УГД Штип, проф. Блажо Боев и на претседателот на бордот на директори на ‘Аџибадем Систина‘,Јордан Камчев“, изјави д-р Андреј Петров, специјалист по дерматовенерологија и професор на Факултетот за медицински науки при УГД Штип.

Деканот на факултет за медицински науки проф. д-р Милка Здравковска потенцираше дека обуката со која се стекнале студентите во „Аџибадем Систина“ е огромно значење за нивниот понатамошен професионален ангажман.

„Огромна благодарност до менаџментот на ‘Аџибадем Систина‘ и на целиот персонал на болницата за успешно спроведување на практичната настава и прифаќањето на студентите од VI година за пракса која е во согласност со студиската програма за општа медицина 11 и 12 семестар. Нема предавања и акцентот е ставен на практичната обука на студентите која претставува врв на нивното школување и со тоа ги завршуваат студиите по општа медицина“, рече проф. д-р Здравковска. 

Над 100 студенти од шеста година на Факултетот за медицински науки имаа можност во изминатите месеци да ротираат низ одделите интерна медицина, хирургија, педијатрија и гинекологија и акушерство, дерматовенерологија, онкологија, радиотерапија, оториноларингологија и дијагностичка и интервентна радиологија.

Менаџментот на болницата, како што соопштија оттаму, е особено горд на успешно реализираниот проект кој е пионерски во државата, но и во регионот.

„Како најголема и најсовремена приватна клиничка болница докажавме дека покрај континуираното вложување во најнапредна медицинска технологија од огромно значење за нас е и вложувањето во кадарот, особено младите кадри на кои им е неопходна практична поткрепа на нивното теоретско знаење“, додаваат од болницата.

 

 

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе