Стартуван вториот столб

Стопанската комора со нови услуги од интерес на бизнисот и сите компании

Стопанската комора на Северна Македонија соопшти дека деновиве ја заокружи својата реорганизација и избор на органите и телата со стартување на Вториот столб за развој, иновации и знаење кој таргетира развој на постојните и воведување нови услуги од интерес за сите компании (не само за членките на Комората) во нашата држава.

Како што соопштија од Комората, Првиот столб за претставување и вмрежување претставен преку традиционалните коморски активности и услуги кои ги нуди за компаниите членки, и понатаму продолжува да функционира преку здруженијата, асоцијациите, групациите, Центарот за едукација, Центарот за проекти, Бизнис канцеларијата и Центарот за анализи. Новиот Втор столб, пак, има задача да понуди нови услуги од интерес на бизнисот и сите компании како што се консултантски услуги и лобирање за фирмите, решавање на споровите преку арбитражата, создавање Берза на трудот, формирање на Институт за извоз, поврзување на странските инвеститори со домашните добавувачи, преквалификации, создавање Школа на бизнис лидери… Вториот столб, како што се додава, сите наведени услуги ќе ги реализира преку новоформираните тела како што се Клуб 100, Советот за напредни технологии, Советот за унапредување на квалитетот на високото образование, Советот за унапредување на квалитетот на тренингот и обуките, Советот за унапредување на извозот и производството, Судот на честа, Коморскиот сенат и постојните Советот на странски инвеститори и Арбитражата преку нивна уште поголема промоција и засилени активности.

„На 05.07.2021 година во Стопанската комора на Северна Македонија со одржување на Првата конститутивна седница на Советот за унапредување на квалитетот на тренингот и обуките практично и започна работата на Вториот столб. Советот за унапредување на квалитетот на тренингот и обуките при Стопанската комора на Северна Македонија се формираше заради ефикасно остварување на специфичните интереси на приватниот сектор, во насока на унапредување на квалитетот на неформалното образование и обезбедување кадар со 2, 3 и 4 ниво на квалификации во согласност со потребите на бизнисот. Всушност, неговата работа ќе биде насочена кон унапредување на квалитетот на неформалното образование, вклучително и образованието на возрасни и поврзување на понудата и побарувачката на работна сила со квалификации, вештини и практично искуство согласно на потребите на работодавачите“, велат од Стопанската комора.

Советот во својата програмска агенда има поставено две приоритетни цели: континуирано унапредување на работата на Бизнис-центарот за тренинг и обука Скопје, со цел да се забележи видлив напредок во делот на преквалификацијата, доквалификацијата и другите форми на неформално образование и преку Комората да воспостави функционална Берза на трудот и да се грижи за нејзино одржување и развој, со цел поврзување на понудата и побарувачката на работна сила во земјата и обезбедување кадар за потребите на бизнисот.

„На првата седница на Советот за унапредување на квалитетот на тренингот и обуките членовите се договорија за неколку клучни точки и динамика на работа во периодот кој следи во кој најпрво ќе се утврдат носечките индустрии во земјата кај кои недостасува квалификуван и спремен за работа кадар според потребите на бизнис секторот, врз основа на што потоа ќе се постават неколку верификувани програми за преквалификација, доквалификација и унапредување на вештините. Ова со цел организирање и поттикнување на соодветни облици за континуирано функционално образование и иновација на знаењата на раководните кадри како и на другите стручни кадри и професионална надградба на стекнатите знаења преку организирање стручно оспособување: обуки, семинари, работилници и други начини на едукација“, стои во соопштението.

Улогата на Советот е да обезбедува деловно-стручни услуги и да дава стручна помош во развојот на одделни дејности од областа на неформалното образование и поврзување на понудата и побарувачката на работна сила за потребите на бизнисот, усвојување на современи технологии и методи на работење, поттикнување на истражувањата и развојот во одредените области и сл.

Претседател на Советот за унапредување на квалитетот на тренингот и обуките е Виктор Влашки, Max Aicher Engineering, Франкфурт СР Германија и АД Осигурителна полиса Скопје, потпретседател на Советот е Зоран Витанов, претприемач, додека членови на Советот се: Игор Давков, Eаст Гате Сег ДОО Скопје, Асмир Јахоски , Пуцко петрол ДООЕЛ с.Пласница, Марјан Николов, Центар за економски анализи – ЦЕА Скопје, д-р Златко Леов, Леов компани ДООЕЛ Велес и Славчо Бујаровски, Сигма – СБ ДООЕЛ Скопје.

 

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе

Неделава во Тирана за првпат 31 прехранбена и 6  дистрибутивни компании од регионов заеднички ќе настапат на саемот во организација на Коморскиот инвестициски форум кој го предводиме ние.

повеќе