Стопанската комора помогна за одглавување на македонските транспортери од Турција

Имаме најава од турските власти дека проблемот со македонските транспортери ќе биде надминат во текот на денешниот или утрешниот ден, информира Стопанската комора на Македонија за нивните активности за надминување на конкретни оперативни прашања.

„Прашањата и иницијативите од компаниите се проследуваат до Владата и надлежните институции и повратните информации, уредби и заклучоци се проследуваат до компаниите и објавуваат на интернет сајтот на комората.

Поддршката на Стопанската комора на Македонија во постојниов период е насочена и кон компаниите членки на Советот на странски инвеститори при комората. Имајќи го предвид нивното релативно значење за вкупниот македонски извоз, бројот на вработени во овие компании и фактот дека апсорбираат значаен дел од работната сила надвор од Скопје, важно е да се знае што ќе се случува во наредниов период и во овој сегмент на македонската економија.

Глобалните случувања со коронавирусот наметнаа прекин на работата на компаниите од автомобилската индустрија ширум светот. Во такви околности и компаниите во земјава, членките на Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија, се принудени, не по свој избор, целосно или во најголем дел да го прекинат производството, во период од најмалку неколку недели.

Но, и покрај ваквите неповолни случувања и сериозните финансиски последици, компаниите членки на Советот за странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија преземаат напори и мерки да не отпуштаат работници, планираат да искористат одреден модалитет, но првенствено сакаат да ги задржат вработените. Така, компаниите планираат претстојниот период на прекин на производството да го искористат за реализација на обуки за вработените или вработените да користат неискористен редовен годишен одмор од минатата година и мал дел од одморот за оваа година, евентуално користење на принуден одмор и сл. Тоа се охрабрувачки чекори во дадената ситуација.

Исто така, иако тоа може да изгледа банално во дадениов момент, навидум мали, но мудри потези повлечени во моментов, можат да отворат значајни перспективи за македонската економија во периодот после завршувањето на пандемијата на коноравирусот. Промена на некои од постојните давачки за овие компании заради соодветна царинска хармонизација и зголемување на конкурентноста на македонските компании што се дел од глобалните синџири на набавка може во иднина да резултира со тоа производството што сега е лоцирано во некоја друга земја да се пресели во Македонија. За сите овие прашања деновиве во Владата се одржа работна средба на заменик претседателот за економски прашања Мила Царовска со компании членки на Советот на странски инвеститори, на која имаше и претставник од Стопанската комора на Македонија“, се вели во соопштението на комората.

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да ги покаже демократските капацитети и зрелоста очекувани од граѓаните.

повеќе