Стопанската комора на Македонија ги идентификува извозните можности и потенцијали на македонската економија

Во рамки на проектот за поддршка на приватниот сектор за регионална интеграција и интернационализација, проект што го имплементира Стопанската комора на Македонија во соработка со УСАИД, на прес-конференција во Битола информира за изработката на квантитативна анализа за идентификување на извозните можности и потенцијали на македонската економија.

Професорот Дарко Лазаров посочи дека користат современа научно-истражувачка и стручно-апликативна методологија и официјални податоци од релевантни меѓународни институции за трговска размена помеѓу секоја со секоја земја на ниво на поединечен производ, податоци за царински стапки, не-царински и друг тип на трговски бариери што земјите ги наметнуваат при увоз на конкретен производ, географска оддалеченост помеѓу земјите и други податоци потребни за естимација на моделите во анализата.

„Основната цел на анализата е идентификување на можностите за раст на извозот на постоечките извозни производи што извозно ориентираните компании ги извезуваат на веќе постоечките пазари, како и идентификување на можностите за проширување на извозната активност преку пенетрација на нови извозни пазари. Дополнително, втората цел на анализата е идентификување на можности за извозна диверфизикација преку мапирање на нови производи кои земјата не ги извезува, но за кои има потенцијални компаративни предности и реални економски претпоставки да отпочне да ги произведува и извезува на регионалните и глобалните пазари. Предмет на анализата се над 5.300 постоечки и нови потенцијални извозни производи и над 170 постоечки и нови потенцијални извозни пазари“, нагласи професорот Лазаров.

На прес конференцијата во Битола, Билјана Пеева Ѓуриќ, оперативен директор за претставување на членките и вмрежување, предочи дека еден од главните приоритети во делувањето на Стопанската комора на Северна Македонија е да креира активности во насока на подигнување на извозната конкурентност на компаниите, бидејќи само преку зголемување на извозот може да се размислува за економски раст и развој на една економија. Кризите со кои се соочува нашето стопанство, рече Пеева Ѓуриќ, а кои се присутни и во глобални рамки, и во овој период не се пречка за креирање активности кои се во функција на поддршка на извозот и помош на компаниите да излезат на пазарите во регионот но и пошироко.

Проектот за поддршка на приватниот сектор за регионална интеграција кој го спроведува Комората, во партнерство со Американската агенција за меѓународен развој – УСАИД, проект кој е во времетраење од 3 години, односно до крајот на јуни 2025 година е важен и за Пелагонискиот регион и затоа сме тука. Во рамки на проектот е планирана изработка на „Платформа за дигитален извоз“ – Easy Export, развој на Институт за извоз со центри за обука и истражувачко-аналитички центар, како и други активности, истакна Пеева Ѓуриќ.

За Стопанската комора, влегувањето во партнерство со УСАИД за ваква проектна активност е од исклучително значење, бидејќи практиката покажува дека македонскиот извоз има многу системски проблеми, неповолна извозна структура, односно најголем број од производите што се извезуваат се со ниска додадена вредност, беше истакнато на денешната прес-конференција во Битола.

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе