Стопанската комора конституираше Совет за унапредување на високото образование

Денес во рамките на Стопанската комора на Македонија се конституираше Советот за унапредување на високото образование. Со тоа продолжуваме да ги реализира зацртаните активности за компаниите во рамките на Вториот столб за развој, иновации и знаење кој таргетира развој на постојните и воведување на нови услуги од интерес за сите компании (не само за членките на Комората) во нашата држава, соопшти Стопанската комора.

Советот за унапредување на високото образование има три приоритетни цели, кои се состојат во развивање и унапредување на три програми: програма „Скопје“ – која нуди едукативни и други настани кои се реализираат преку Клубот на менаџери - претприемачи во рамки накомората; програма „Охрид“ – која нуди едукативни и други настани кои ќе се реализираат преку воспоставување Школа на бизнис-лидери преку програми на менторство и програма „Дојран“ – која нуди едукативни и други настани кои ќе се реализираат преку воспоставување Школа за продуцирање кадри за извозот, со крајна цел формирање Институт за извоз.

За претседател на Советот за унапредување на високото образование е избран д-р Глигор Бишев, Шпаркасе банка Македонија АД Скопје, додека за потпретседател на Советот е избран проф. д-р Горан Петрески, Економски факултет, УКИМ Скопје.

Советот за унапредување на високото образование во својата агенда на активности постави реализација на задачи поврзани со организирање и поттикнување соодветни облици за континуирано функционално образование и иновација на знаењата на раководните кадри, како и на другите стручни кадри и професионална надградба на стекнатите знаења преку организирање стручно оспособување - обуки, семинари, работилници и други начини на едукација.

Советот преку соработката со домашните и странски институции има главна цел освен развој и промоција на едукативните настани во трите програми одделно да ја поттикнува  имплементацијата на европските правила и стандарди и перманентното функционално образование и иновација на знаењата на високообразовните кадри со главна цел преку воспоставување Школата за продуцирање кадри за извоз да формира Институт за извоз.

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе