Стопанската комора апелира до пратениците да ги донесат законите за економска поддршка

Стопанската комора преку соопштение до јавноста апелира до сите пратеници во Собранието да се донесат законите со коишто ќе се овозможи поддршка за стопанството преку петтиот пакет економски мерки.

Бранко Азески

„Стопанската комора на Северна Македонија, како најголема и најзначајна бизнис-асоцијација и како многу одговорен чинител на економскиот развој, во името на компаниите кои генерираат 50,3% од вкупниот приход во приватниот сектор, 47,6% од добивката во приватниот сектор, и вработуваат 33,7% од вработените во приватниот сектор, упатува апел до секој пратеник на Собранието да направи максимални напори во текот на денот за да се донесат законите со кои ќе се овозможи поддршка на македонската економија во услови на тешка здравствено-економска криза“, се наведува во соопштението. 

Од Комората појаснуваат дека станува збор за законски решенија чие изгласување ќе овозможи поддршка за 20.000 компании и околу 130.000 вработени, како и 25.000 граѓани од ранливите категории и со тоа ќе се зголеми ликвидноста и потрошувачката, кои во овој момент се неопходни за одржување на субјектите во кондиција заради справување со кризата.

„Оваа битка не може да се добие ако компаниите не ѝ помогнат на државата, но и државата да им помогне нив, како единствено можно решение кое може да даде позитивен импулс во натамошните економски текови. Во спротивно, сите досегашни напори, жртви и тешки предизвици кои досега ги надминавме, ќе паднат во вода“, потсетуваат од Стопанската комора на ставовите изнесени на почетокот на пандемијата.

 

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе

Не треба толку да се грижиме за тоа дали се искачуваме на табелата, туку повеќе треба да внимаваме на тоа дали навистина се справуваме, истражуваме и ги гониме оние кои се занимаваат со корупција.

повеќе

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе