Стопанска комора: Во Ниш се вакцинираа над 1.100 македонски бизнисмени

Повеќе од 1.100 македонски стопанственици беа вакцинирани денеска во Србија, во рамки на акцијата која што ја организираше Стопанската комора на Северна Македонија заедно со Стопанската комора на Србија, во рамките на Коморскиот инвестициски форум.

Тимовите на Стопанската комора на Северна Македонија, распоредени во спортската сала „Чаир“ во Ниш, на граничниот премин Табановце и во дежурната служба во просториите на Комората, во текот на целиот ден ги преземаа сите потребни активности за процесот да тече непречено и без застои, според дефинираниот распоред, соопштија од Стопанската комора.

Во рамки на акцијата координирана од Коморскиот инвестициски форум вакцинација за повеќе од 4.000 стопанственици од Босна и Херцеговина, Албанија и Црна Гора се реализираше и во просториите на Саемот во Белград.

Со оваа акција, Коморскиот инвестициски форум и сите стопански комори од регионот со доследна примена на мотото „Еден регион, една економија“, покажаа дека единствено со заеднички сили регионот може да успее да ги надмине последиците од пандемијата и да работи на брзо економско закрепнување.

 

 

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе