Стопанска комора: Сите компании да помогнат колку што можат

 Апелираме, не само до членките на комората, туку и до сите други компании, во рамките на своите можности да ѝ помогнат на пошироката заедница за да можеме сите заедно полесно да ги пребродиме овие тешки времиња, велат од Стопанската комора на Македонија. 

„Од почетокот на коронавирус кризата, бројни компании ја покажаа својата грижа за пошироката заедница. Да споменеме само некои од нив.

„Алкалоид“ донираше финансиски средства за помош во Министерството за здравство и ги намали цените на 158 свои производи.

„Макпетрол“ и „Усје“ донираа финансиски средства на Министерството за здравство за набавка на медицинска опрема. 

Клиниката „Жан Митрев“ ги понуди своите капацитети за искористување за потребите на државата.

„Кромберг и Шуберт“ донираше медицинска опрема и материјали за Клиничката болница во Битола, а „Монтенегро маркети“ за општата болница во Гостивар.

За лицата што доаѓаат од странство и треба да поминат одреден период во карантин понудени се бројни сместувачки капацитети, Хотелите „Ибис Центар“ и „Ибис Стајл“ заедно со медицинска поддршка од „Аџибадем Систина“, хотелот „Стоун Бриџ“ во Скопје, хотелот „Макпетрол“ во Маврово, хотелот „Епинал“ во Битола, „Казино Фламинго хотел“ во Гевгелија. 

„Комфи Ангел“ од Прилеп донира дел од сопственото производство на перници, јоргани, а наскоро и заштитни маски.

Компанијата „Ваурон“ донираше прочистувачи на воздухот на Инфективната клиника во Скопје.

„Жито Лукс“ во соработка со „Црвен крст“ донираше леб за социјално загрозените лица и семејства.

„ЕВН“ и „ЕЛЕМ“ за 24 часа по добивање на барањето обезбедија осветлување на безбедносните пунктови Бошков Мост и Глобочица во регионот на Дебар.

Мобилните оператори „Македонски Телеком“ и „А1“ на своите корисници им донираа бесплатен мобилен интернет и им овозможија бесплатно следење на дополнителни ТВ канали, за полесно поминување на времето дома“.

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе