Овој Совет има три приоритетни цели кои се состојат во развивање и унапредување на три програми:
– Клуб на менаџери – претприемништво и лидерство. Со едукативни и други настани кои ќе се реализираат преку воспоставување Школа на бизнис-лидери (почеток на предавањата е од 9 декември).
– Развој на мали и средни бизниси и старт ап бизниси. Со едукативни и други настани кои ќе се реализираат преку воспоставување Модул за развој на мали и средни бизниси како и Модул за развој на старт ап бизниси (почеток на Модулот за мали и средни бизниси на 9 декември) и
– Институт за извоз. Со едукативни и други настани кои ќе се реализираат преку воспоставување Школа за продуцирање кадри за зголемување на извозот, со крајна цел формирање Институт за извоз (активностите за Изработка на студија за извоз и Платформа за извоз почнуваат во јануари 2022 година додека со Модулот за зголемување на вештините за извоз се започнува од 1 ноември 2022 година).
Стопанска комора ги поканува сите заинтересирани претставници на среден менаџмент од големите и средно големите компании да бидат слушатели на првата 6-месечна Програма во рамките на Клубот на менаџери – претприемништво и лидерство која започнува на 9 декември, а која е планирано да заврши на крајот на мај 2022 година. Програмата содржи 7 модули со 60 теми, а предавачи се 50-тина реномирани претставници од бизнис секторот, академската и научна фела со акцент на пренесување на практични искуства.
Втората програма насловена Развој на мали и средни бизниси се фокусира кон претставниците од виш менаџмент на малите и средни бизниси. Програмата опфаќа 8 модули со 50 теми, кои ќе бидат презентирани од повеќе од 30-тина истакнати предавачи од бизнис секторот, академската и научна фела. Динамиката на реализација започнува на 9 декември и се очекува да заврши на почетокот на јуни 2022 година.
Кај двете програми предавањата ќе имаат на почетокот краток теоретски вовед на секоја поттема, потоа следат практични примери, искуства и менторски пристап од страна на предавачите, а секој модул се базира на голема интерактивност и вежби по најнови европски и светски трендови. Секој модул трае по 9 часа од кои последните 2 часа се наменети за дискусија и прашања.