Стопанска комора: Насоки за развој на земјоделско-прехранбениот сектор

Здружението за земјоделство и прехранбена индустрија при Стопанската комора на Македонија континуирано презема активности во насока на поголема препознатливост и промоција на Комората, како институција, која се залага за развој на домашното земјоделство, поставување идни насоки за негов развој со целосно прилагодување на секторот кон зголемените очекувања на потрошувачите и кон добрите практики на европската регулатива од оваа област, со што придонесува за работење на компаниите во овој сектор.

За таа цел, Стопанската Комората на Македонија организира меѓународна конференција на тема „Насоки за унапредување на земјоделско-прехранбениот сектор во Република Северна Македонија“. Во фокусот на програмата на конференцијата ќе бидат актуелни теми од областа на агро секторот, вклучувајќи ги прашањата за рурален развој, традиционални земјоделски производи, земјоделско земјиште, подобрување на пазарните механизми за продажба на земјоделски производи, зајакнување на свеста за заштитените ознаки за потекло, заштитените географски ознаки и загарантираните традиционални специјалитети, органски производи, Hi’teh во земјоделството, како и низа други актуелни прашања за секторот, информираше Васко Ристовски од Стопанската комора на Македонија на денешната прес конференција.

На наведените теми  на меѓународната конференција која ќе се одржи на 16 мај во Комората, ќе говорат признати меѓународни и домашни експерти со богато искуство од областа на земјоделско-прехранбениот сектор, кои своите согледувања и ставови во врска со актуелните прашања ќе ги презентираат пред претставници на Владата и нејзините институции, науката, бизнис – секторот и пошироката јавност.

Создавањето конкурентен земјоделско-прехранбен сектор, кој ќе ги искористи компаративните предности на Македонија, бара доследно спроведување на сеопфатни мерки во низа области, вклучувајќи: ефективни земјишни политики, финансирање, преструктуирање на земјоделското производство во насока на производи со дефицит на високи примања и ефективен пазар кој обезбедува соодветна средина за техничките и претприемачките вештини на домашните фармери. Целта е да се зајакне свеста за македонските земјоделски и прехранбени производи чии имиња се заштитени со оригинални ознаки за потекло, заштитени географски ознаки или загарантирани традиционални специјалности со цел да се зголеми нивната побарувачка, да се зголеми интересот на производителите за влез во производство на заштитени производи за да се постигне нивно подобро позиционирање и да се спречи злоупотребата на заштитените имиња на пазарот.

Неопходно е да се спроведат активности поврзани со промените во животната средина за да може, во еден догледен период, да се видат резутатите од добрата земјоделска пракса, подигнување на свеста на населението за значењето на можностите кои ги дава Македонија за производство на здравствено безбедна храна. При тоа, посебно внимание треба да се посвети на адаптација кон климатските промени (како во растителното, така и во анималното производство), контролирано управување со водните ресурси, биоенергијата и бидиверзитетот во државата.

 

Можностите за поголем придонес на оваа дејност во националната економија се значително поголеми од прикажаните, затоа што расположивите потенцијали во земјоделството не се целосно искористени и покрај традицијата во овој сектор, како и покрај поволните климатски услови (220 сончеви денови во годината). Повеќе од една третина од земјоделското обработливо земјиште не се обработува. Субвенциите кои почнаа да се исплаќаат од 2007 година не ги дадоа саканите ефекти, наместо развојна нота, тие беа искористени како социјално-политичка алатка.

Но, македонското земјоделство во изминатите 25 години се соочува со големи предизвици. Членството во СТО, Спогодбата со ЕУ, членството во ЦЕФТА, ги прошири можностите за зголемување на извозот, но истовремено ја зголеми домашната конкуренција.

На нашата земја и недостасуваат економски одржливи рурални заедници кои ке придонесат во развојот на македонското земјоделство и пласман на македонските производи на странските пазари заснована на балансиран развој во сите региони и потребата да се обезбедат перспективи за раст на руралните области и села. Идејата за “паметни” села не може да се направи изолирано и треба да биде вградена во пошироките стратегии за регионален  развој. Зајакнувањето на врските помеѓу руралните и урбаните области е клучно за постигнување на ваквата цел со што би се надминал јазот помеѓу руралните и урбаните области, како и да го развијат потенцијалот што го нудат поврзувањето и дигитализацијата на руралните области.

На нашите рурални заедници им се потребни работни места, основни услуги, поврзување и паметни транспортни решенија, како и поволна клима за претприемништво. Мораме да им се овозможи да се појават нови типови на бизнис модели, како што се услуги базирани на портал, и да им се помогне на постојните рурални бизниси да се поврзат, да се интегрираат и да соработуваат подобро со урбаниот бизнис. Руралните области се места на големи средства и тие можат да станат уште попривлечни ако им овозможиме на локалните актери да го откријат својот потенцијал. Тие обезбедуваат неопходни придонеси за решавање на многу од големите општествени предизвици, како што се климатските промени или одржливото обезбедување храна, биомаса и енергија.

„Паметни” села е релативно нов концепт во рамките на креирањето на политиките на ЕУ кој се однесува на руралните средини и заедници кои ги градат своите постоечки сили и средства, како и за развој на нови можности. Во Smart селата традиционалните и новите мрежи и услуги би се засилиле преку дигитални, телекомуникациски технологии, иновации и подобра употреба на знаењето, во корист на жителите и бизнисите. Дигиталните технологии и иновации можат да го поддржат квалитетот на животот, повисокиот животен стандард, јавните услуги за граѓаните, подобра употреба на ресурсите, помалку влијание врз животната средина и нови можности за руралните синџири на вредности во однос на производите и подобрените процеси. Ваквиот концепт особено треба да обрне внимание на вештините за е-писменост, пристап до е-здравство и други основни услуги, иновативни решенија во насока на грижа за животната средина, примена на циркуларна економија за земјоделски отпад, промоција на локални производи поддржани од технологија и ИКТ, корист од

паметни специјализирани агро-прехранбени проекти, туризам и културни активности итн.  Македонското земјоделство се наоѓа на раскрсница, и согласно наведените податоци, се наметнува потреба од нови, јасно формулирани стратешки цели на аграрната политика и мерки и дејствија за нејзино остварување. Освен светските движења и климатските промени кои несомено ќе имаат влијание на насоката на развој на македонскиот аграр, важен фактор во создавањето на конкурентно и прецизно земјоделство е  употребата на ИТ технологијата во овој сектор.

ИТ секторот нуди софтверско решение кое овозможува целосна поддршка на работењето во земјоделството и претставува систем за управување со фарми од секаква големина и дејност. Употребата на софтверски решенија од страна на земјоделските компании денеска станува неминовност, бидејќи единствено на тој начин можат прецизно да го предвидат своето производство, да превземат соодветни корективни мерки и да донесуваат квалитетни одлуки. Преку ваквите алатки ќе се подобри квалитетот на нивните производи и ќе се минимизира економската загуба од неправилно користење на ресурсите. Посебно треба да се напомене дека располагањето со податоци за претходните години, драстично може да ги подобрат резултатите во работењето, бидејќи со правилно планирање значително се намалуваат трошоците.

Менаџирањето на фармите, со помош на софтверски решенија е пракса во европските земји. Досегашните искуства покажуваат дека земјоделците кои користат напредни алакти го зголемиле квалитетот и квантитетот на своите насади, обезбедиле повисок квалитет и успеале на пазарот да пласираат поконкурентни производи.

Со воведувањето на софтверски решенија од овој тип во Република Северна Македонија, на нашите земјоделци им е овозможен навремен увид на посевите, информации за настаните на фармата, како и можност за спроведување навремени корективни мерки за повисок квалитет на здрава храна. Употребата на современи технологии станува неминовност за земјоделците, бидејќи без навремени податоци и информации кои гарантираат следливост и потврдуваат потекло и квалитет, иднината на земјоделските компании до одреден степен е неизвесна.

Нашето земјоделство е на прагот за трансформација во модерно земјоделство што ќе значи повисок профит за фармерите и агрокомпаниите, поголема конкурентност на домашните и странски пазари и истовремено, намалување на трошоците.

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе