Стопанска комора формира Кризен штаб

Стопанската комора на Македонија како најстара и најголема бизнис-заедница во земјава, по реализирани интензивни контакти со компаниите, со претставниците на власта и со економските експерти изминатата недела презема неколку активности. Врз основа на сите тие разговори, одлучив да формирам Кризен штаб во рамките на комората, кој 24-часовно ќе ја следи состојбата и ќе биде на ваше располагање, вели во обраќањето до ччленките на СКМ Брано Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија.

„Останува функционирањето на службите на СКМ врз основа на мојата наредба издадена истиот ден кога е и прогласена вонредната состојба. Тоа значи дека од денеска преминуваме на работа во вонредни околности на сите нивоа. Одлуката ја донесов од неколку причини. Прво, од сите разговори, сосема ми е јасно дека здравствено-економската криза ќе потрае најмалку уште неколку месеци, за што имав консултации и со нашите пријатели во Европа, меѓу најголемите светски производители и структури во Коморскиот инвестициски форум. Второ, сосема е јасно дека Владата на РМ, која посветено работи на решавање на кризата, во најголем дел е потпрена на нашите ресурси. Трето, состојбата кај вас, членките, е таква што тоа бара од нас 24-часовен ангажман. Токму затоа претседавачот на Собранието Антони Пешев, потпретседателката Елисавета Георгева-Јовевска, главниот советник на Управниот одбор за економски прашања Зоран Јовановски и извршниот директор Биљана Пеева-Ѓуриќ ќе бидат секојдневно достапни за решавање на вашите проблеми. На средба во Владата на највисоко ниво, договоривме дека ќе бидат назначени и неколку лица од Владата, на кои ќе можеме да им се обратиме деноноќно за информации поврзани со решавање на проблемите. Исто така, договорена е и реорганизација на владиниот центар за повици за подобар пристап до него од вас и од вашите вработени.

Исто така, преку Коморскиот инвестициски форум во Трст, испративме писмо до претседателката на Европската комисија, Урсула ван дер Леен, со две барања што ги засегаат земјите од регионот, а тоа се ограничувањето на извозот на заштитна медицинска опрема од европските земји и обезбедувањето дозволи за пристап до зелените коридори на компаниите од Западен Балкан, затоа што ценам дека во моментов најголем проблем е транспортот.


Продолжуваме со уште појако темпо затоа што тоа од нас го барате вие и кризата и, верувајте ми, ќе направам сѐ, покрај првичните неснаоѓања на апослутно невообичаената криза, Комората да профункционира најдобро“, се вели во обраќањето на Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија по повод фирмирањето на Кризниот штаб на СКМ.

Даночните затајувачи сѐ почесто се мали фирми, кои сѐ потешко се следат.

повеќе

Повлекувањето на Обединетото кралство од ЕУ (Брегзит) е правен потфат без преседан во историјата на правото.

повеќе

Изминатата недела имаше бурен почеток со објавувањето на вториот сет мерки. Се изнаслушавме разно-разни коментари, предлози и видувања кои никако не би можело да се рече дека се засновани на прецизни анализи и предвидувања на надлежните институции во државата, со кои располагаме, НБРСМ и МФ.

повеќе