Стопанска комора бара итно да се донесе пакетот закони за управување со отпад

Старите закони од областа на управување со отпад кои се уште се на сила, не кореспондираат со реалноста што ја имаме денес во земјава и се базираат на нереални цели за рециклирање, кои дури и поразвиени земји од нашата, кои започнале со селекција пред 20 години, не можат да ги исполнат.

Ова денеска на прес-конференција го изјави Филип Ивановски, претседател на Асоцијацијата за посебни текови на отпад при Стопанската комора на Северна Македонија, кој апелираше да се донесе пакетот закони, бидејќи со тоа, како што рече, се заокружува целиот систем на управување со отпад во земјава.

Како што појасни, станува збор за пет закони – општ закон за управување со отпад; закон за управување со пакување и отпад од пакување; закон за управување со електронска и електрична опрема; закон за управување со отпадни батерии и акумулатори и законот за проширена одговорност на производителите, односно колективните постапувачи.

„Доколку останат старите закони, се врши оценка на колективните постапувачи по основ на нив. Ќе се доведеме во ситуација да бидат казнети над 1.500 компании кои во овие 10 години плаќаат за управување со отпадот, наспроти некаде повеќе од 6.000 компании кои пуштаат на пазарот 38 посто од вкупниот отпад по пакување, а не плаќаат никаде овие 10 години“, вели Ивановски.

Старите закони доколку останат на сила, додаде, ќе ги казнат оние кои го почитуваат законот и се трудат да направат нешто видливо за животната средина, а ќе ги амнестира и ќе продолжи да ги амнестира компаниите кои не плаќаат.

„Со ова се доведува во прашање и конкурентноста на фирмите кои легално работат и кои имаат трошоци кои финансираат системи за собирање, наспроти оние кои не го почитуваат законот и немаат трошоци за собирање и управување со отпад“, заклучи Ивановски. 

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе