Стопанска банка а.д. Битола стана дел од кредитно-гарантната шема на Развојна банка

Стопанска банка а.д. Битола е една од шесте банки со кои Развојната банка потпиша договор за издавање портфолио гаранција од Гарантен фонд.

Со ова, Стопанска банка а.д. Битола стана дел од оваа кредитно – гарантната шема со која се ставаат на располагање 15 милиони евра во гаранции кон банките и штедилниците со цел поддршка на кредитирање на микро, мали и средни компании.

Под портфолио гаранција, Стопанска банка а.д. Битола може да пласира кредити дадени на микро, мали и средни фирми до максимален износ од 30.750.000 денари и рок на враќање до осум години.

Стопанска банка а.д. Битола повеќе од 70 години е и продолжува да биде препознатлив партнер на стопанството и со финансиската поддршка која им ја дава на компаниите да придонесува за негов сигурен развој, а со тоа и за развој на целокупната економија во земјата.

Со учество во оваа кредитно – гарантна шема, Стопанска банка а.д. Битола ја зголемува својата конкурентност истовремено потврдувајќи ја стабилната и сигурна позиција на пазарот.

 

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе