Стопанска комора: Кај градежните компании владее страв од финансиски крах

Градежниот сектор вработува 7% од вкупниот број вработени во македонската економија и во изминатите години беше една од главните движечки сили за нејзин раст. За жал, и за овој сектор се неизбежни последиците од кризата предизвикана од коронавирусот.

Во моментов, работењето на компаниите од градежниот сектор се одликува со строга дисциплина во вонредни околности. Секојдневно се следат сите активности и преземените мерки на државните органи и институции и доследно се почитуваат сите препораки кои ги пропишуваат институциите и кризните штабови оформени од релевантните државни органи. Се преземаат и дополнителни активности сé со цел подобрување на состојбите. Во некои од компаниите се оформени и сериозно организирани кризни штабови кои секојдневно ги пренесуваат мерките и активностите на официјалните кризни штабови, но и пропишуваат мерки и активности за вработените кои треба да се преземаат.

Градежниот сектор директно е поврзан со сектори кои се први погодени. Транспортот и угостителството се дел од секојдневните активности поврзани со работите во  градежништвото и нивната состојба се одразува врз секојдневното работење на компаниите. Градежниците се подготвени, работат и се обидуваат да го задржат континуитетот и во овие услови на вонредна состојба (иако не со полн капацитет заради доследно почитување на мерките и препораките). 

Кај градежните компании владее страв од финансиски крах, од една страна заради проблеми со наплата на побарувањата и од друга страна заради финансиските обврски на компаниите. Владее неизвесност за тоа што ќе се случува со тековните, но и со новите проекти и загриженост во однос на работниците, начинот на нивна исплата и сл. Можноста за нереализација на тековните проекти, заедно со стравот дека сезоната можеби веќе е изгубена е уште една причина заради која компаниите од градежниот сектор стравуваат дека веќе во април би имале проблем со ликвидноста.

 

Се очекуваат и проблеми околу увозот на градежни материјали (арматура, битумен, адитиви, итн...) поради ограничени услови за увоз, но и поради престанок на работа на фабриките во време на кризата. Ако на ова се надоврзат тековните обврски кои компаниите ги имаат, се доаѓа до заклучок дека градежништвото за брзо време може да биде дел од најзасегнатите сектори. Поради наведеното, потребно е превентивно да се делува затоа што краховите во градежништвото најчесто доведуваат до трајни загуби и затворање на погони на долг рок.

Во вакви околности, компаниите од Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите при Стопанската комора на Македонија ги ставаат на услуга на државата целокупните капацитети, подготвени за целосен ангажман и секојдневно искористување на нивните капацитети, за времетраење на кризата, но и потоа и ги нудат на располагање на државата целокупните нивни оперативни капацитети, опрема и механизација за општествено добро, подготвени да интервенираат со опрема, механизација и оперативни капацитети секаде и секогаш во насока на зачувување на јавното здравје.

Светската историја покажала дека во вакви големи економски кризи преку реализација на големи инфраструктурни проекти градежниот сектор многу придонел за повторно заживување на економијата. Затоа, не треба да се кратат капиталните инвестиции што се проектирани во буџетот, а кои се однесуваат на инфраструктурни проекти и тие проекти треба да се реализираат, се вели восоопштението на Стопанската комора.

Десензитивизацијата на Американците кон вртоглаво зголемениот број на жртви во пандемијата ја оправдува познатата опсервација на Јосеф Сталин: „Една смрт е трагедија; еден милион е статистика “. 

повеќе

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе