Стечајот можно решение за „Еурокомпозит“

Стечајот може да заврши со задржување на вработените и продолжување на работата на капацитетот, како што беше со ФЕНИ. Тој модел ќе се обидеме да го примениме и на „Еурокомпозит“, наместо долгиот процес за приватизација, кажа вицепремиерот Кочо Анѓушев,на денешната прес конференција.

„Еурокомпозит е долги години блокиран, но му помогнавме да продолжи со работа што не е, ниту смее да биде трајно решение. Компанијата треба да се приватизира, но во транспарентна постапка, а за тоа има два начина, или објавување тендер или наоѓање инвеститор за целосна реорганизација како што беше со ФЕНИ“, напомена Анѓушев.  

Според него, стечајот покажува резултат само ако имате чесни намери и капацитет да го спроведете. 

„Ако најдеме разбирање со инвеститори што се заинтересирани, а со такви неколку веќе разговаравме, за да не го чекаме долгиот период за приватизација, можеме да го примениме и вториот законски модел за санирање на состојбата“, рече Анѓушев.

Со одлуката на Владата од вчерашната седница, прилепски „Еурокомпозит“ треба да побара позајмица од  11 милиони денари (шест милиони денари од АД ЕЛЕМ  и пет милиони денари од АД МЕПСО). Со тие пари на вработените ќе им бидат исплатени по две плати, наместо по една како што беше најавено по прекинот на нивниот штрајк минатата недела.

На вработените во „Еурокомпозит“, чии загуби се проценуваат на пет милиони евра, не им се исплатени 18 плати и придонеси за изминатите шест години.

Плукајќи врз музикантите, незнаејќи одработувате за други интереси поведени од разбирливата емотивна нетрпеливост која ја прават криминалците од двете страни.

повеќе

Каков и да биде резултатот од предвидениот референдум за името во септември или во октомври, тој не дава гаранција за обезбедување двотретинско мнозинство во Собранието за промена на Уставот.

повеќе

Тесла преку проектот Варденклиф покажал дека енергетските ресурси се неограничени.

повеќе