среда, 8 мај 2024

Мицкоски: Успеавме! Македонија победи, а СДСМ ги боли главата

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашната прес-конференција беше пречекан со песна и скандирање. Тој рече дека уште во првите 100 дена планира да се почувствуваат резултатите од нивната работа и порача дека сите од СДСМ кои сториле криминал ќе одговараат до последен.

Објавено на

часот

Сподели

„Мои сопартијци, браќа и сестри со кои минавме низ многу искушенија Успеавме! Македонија победи. Историска победа на народот кој покажа решителност и мудрост и со гласачко ливче го порази криминалот. Падна владата во Македонија. Криминалот, неспособноста, тендерите, непотизмот… и уште стготина други последици кои направија државата да страда конечно се поразени. Поразени се и предавствата и поделбите, тие стотина луѓе од СДСМ кои мислеа дека се господари на нашите животи. Нив ги боли главата, а има и зошто. Ќе одговараат до последниот, криминалот мора да биде казнет. Ова на нашта победа дава посебно задоволство“, порача Мицкоски.
Тој додаде дека ДУИ се бојкотирала сама себе и покажала дека најмалку е партија која се грижи за државата и дека денес ВМРО-ДПМНЕ има двојна победа.
„ДУИ покажа дека се најмалку партија која се грижи за Македонија. Време е да одат заедно со СДСМ во опозиција. Ја паметам секоја моја реченица и секоја подадена рака. Горд сум на народот кој покажа дека ничија свеќа не гори до зори. Кога се качуваш по скалите никогаш не заборавајте ги оние кои си ги сретнал по патот. Ни на крај памет да не ви падне да го заборавите народот. Народот очекува резултати. Нема да е лесно, но ова денес е показател дека заедно ќе успееме“, додаде Мицкоски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ