Генералниот штрајк се сели улиците

ССМ во понеделник ќе го блокира влезот во Скопје, главната крстосница во Автокоманда

Штрајкувачкиот одбор и претседателството на ССМ соопштија дека незадоволството на работниците од јавниот сектор е огромно и дека од тие причини е одлучено незадоволството да се изразува и на улица. Во понделеник, од 7 до 10 часот, ќе се блокира влезот на Скопје на крстосницата во населбата Автокоманда на булеварот „Александар Македонски" со „16 Македонска бригада", а ќе бидат пропуштани само возила на итна медицинска помош, полиција, армија и на против пожарната служба. „Ќе им го блокираме патот на работа на пратениците и министри“, порача ССМ.

„Пораката ќе биде јасна за пратениците кои не даваат поддршка и глас за предлог амандманот на ССМ, зошто работниците не се задоволни од нивната продуктивност и ангажман за надминување на работничките проблеми, а на овој начин пратениците нема да можат да стигнат во Собранието за да наплатат патни трошоци, а истото важи и за владините министри кои се глуви за работниците и работничките барања во оваа криза“, велат од ССМ.

Оттаму укажуваат на работниците и на граѓаните однапред да го планираат нивното движење во наведениот период и да ја избегнат крстосницата на булеварот „Александар Македонски" со „16 Македонска бригада" или солидарно да им се придружат, а можат да им се придружат и сите работници.

Од Сојузот на синдикатите на Македонија сметаат дека сите работодавачи треба да ги следат примерите од локално ниво каде што штрајкот е со успех и работниците го добиваат заслуженото и одработеното усогласување на платите за 2.806 денари, што е едно од главните барања и главна причина за штрајкот.

„Вработените во јавниот сектор се солидарни, како никогаш до сега, работниците во јавниот сектор кои добија усогласување на платите овие три изминати денови штрајкуваат и за работниците кои не добија солидарно усогласување на нивните плати за 2806 денари“, соопштија од ССМ.

Денеска генералниот штрајк на ССМ се одржа пред Министерството за финансии, каде повторно побараа нивното барање за линеарно зголемување на платите од 2.806 денари за секој работник да се вметне или преку амандман во ребалансот на Буџетот или преку Општиот колективен договор.

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе