ССМ: Владата сакаше работниците да ги направи робови, Уставниот суд донесе добра одлука

Владата сакаше градежните работници да ги направи робови, а Министерство за труд и социјална политика го дозволи тоа без ова решение да се разгледува на Економско социјалниот совет. ССМ брзо и ефикасно реагираше со поднесување на иницијатива пред Уставен суд која беше прифатена и спорниот член од законот е укинат од страна на Уставниот суд со што неправдата врз работниците е исправена, велат од ССМ по одлуката на Судот дека работното време на градежни работници не може да трае 60 часа неделно

Фото: Од протестот на ССМ пред Владата

Од ССМ укажуваат дека ќе продолжат со своите активности за целосно почитување на работничките права и во таа насока ССМ ќе ги преземе и сите законски постапки за да се постигне законско усогласување на платите на вработените во јавниот сектор со порастот на минималната плата .

„Нема да може да градите политика на грбот на работниците, така било и така и ќе остане. Ве потсетуваме дека не е добро да сте на спротивната страна од работниците. Заради погубните политики, 138.000 работници ви се на генерален штрајк. Работничката борба продолжува", и порачаа од ССМ на Владата.

Уставниот суд на денешната седница го укина членот 12 од Законот за утврдување стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 и Коридорот 10, со кој меѓу другото беше предвидено дека работното време на секој работник во текот на целиот циклус на Проектот може да биде во просек 60 часа неделно во текот на годината, информираат од ССМ.

Оваа одлука Уставниот суд ја донесе врз основа на иницијативата поднесена на 28 декември 2021 година од Сојузот на синдикатите на Македонија и Синдикатот за градежништво,индустрија и проектирање, кој функционира во составот на ССМ.

Легенда под Главна слика

Фото: Од протестот на ССМ пред Владата

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе