Апел до работниците да не потпишуваат нови договори

ССМ: Работодавачите нема да најдат нови текстилни работници, ако има масовно отпуштање

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), по најавите за можни отпуштања на работници во текстилниот сектор, денеска упати апел до работниците да не се потпишуваат на никакви нови анекси или нови договори за вработување, а сите кои сметаат дека нивниот Договор за вработување на определено време не е законски да пријават до ССМ. Синдикатот ги предупреди работодавачите: ако отпуштаат текстилни работници сега, никогаш повеќе нема да најдат нови да им работат.

Од ССМ бараат итни измени на Законот за работни односи за ограничување на договорите за работа на определено време на една година. Најавува дека во Трудовиот инспекторат ќе ги пријават работодавачите кои не им ги продолжиле договорите за вработување на определено време на работниците, а тие се уште им работат. Со тоа синдикатот сака да ги оневозможи работодавачите во намерата да не ги продолжат договорите за вработување на определено време.

Најавуваат дека ќе се борат со сите расположливи средства да ги заштитат работниците, предупредувајќи ги истовремено работодавачите – ако отпуштаат текстилни работници сега никогаш повеќе нема да најдат нови да им работат.

„Додека други таканаречени граѓански организации кои само декларативно се борат за работнички права, јавно ги повикуваа и ги учеа работодавачите како требало да се отпуштаат работници и какви откази да се даваат со цел полесно ослободување од работници во компаниите, ССМ гласно зборува дека таквиот вид на договори за вработување на определено време беа главна причина за огромниот број на невработени во време на пандемија, а поради тоа што се уште овој вид на Договор за вработување не е ограничен на максимум една година, работодавачите најавуваат дека по овој основ ќе им бидат прекинати договорите за вработување на голем број на работници во наредниот период“, велат од ССМ.

Претседател на ССМ, Дарко Димовски во пишана изјава вели дека најголема небулоза во Законот за работните односи е тоа што тие договори на определено време се неограничени и може секој месец да се продолжуваат.

„Се држи работникот во неизвесност, да не си ја планира својата иднина и да нема никаква заштита, ССМ, рамо до рамо со работниците заедно во борбата за намалување на времетраењето на договорите за вработување на една година“, истакнува Димовски.

Ако сакаме да ги задржиме работниците во државата, истакнуваат од ССМ, треба веднаш ова најголемо зло по работничките права и по работничката егзистенција да се елиминира преку најбрзи измени на Законот за работните односи, за да не се доведеме во ситуација македонските работници, наместо да ја градат нашата, да градат некоја туѓа економија.

Од ССМ наведуваат дека според нивни информации, голем број работодавачи, ги немаат продолжено договорите за вработување на определено време на работниците, а сѐ уште им работат работниците. Поради тоа, најавуваат дека ќе ги пријават сите работодавачи до надлежните инспекциски служби, со барање да постапат согласно член 259, став(1) кој предвидува: Ако инспекторот на трудот зaтекне на работа кај работодавач лица со кои не е заснован работен однос, согласно закон и лицата не се пријавени во задолжително социјално осигурување со решение ќе му нареди на работодавачот во рок од осум дена од денот на приемот на решението со затечените лица или други лица без јавен оглас да заснова работен однос на неопределено време и во наредните три месеци да не го намали вкупниот број на вработени. На таков начин, укажуваат од ССМ, ќе ги оневозможиме работодавачите во намерата да не ги продолжат договорите за вработување на определено време.

„Апелираме до работниците да не се потпишуваат на никакви нови Анекси или нови Договори за вработување, а сите кои сметаат дека нивниот Договор за вработување на определено време не е законски да пријават во ССМ, а ние ќе се бориме со сите расположливи средства да ги заштитиме овие работници“, стои во соопштението од ССМ.

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе