Во очекување на нов сет мерки за поддршка на стопанството

ССМ: Платите од државната помош да одат директно на сметка на работниците

Сојузот на синдикатите на Македонија бара субвенционирањето на плата како мерка да продолжи онаму каде што производството е намалено, како што тоа е утврдено и со четвртиот пакет на мерки, но да се исплаќа директно на сметките на работниците. Синдикатот потсетува дека неодамна се повтори праксата еден број работодавачи да ги остават своите работници без плата, иако за тоа зеле средства од државата.

Во соопштението на Синдикатот наведува дека бара еден од главните услови за добивање на финансиска поддршка да биде враќање на работниците кои биле отпуштени од работа, а исто така и задолжително да биде, по користењето на мерката, работодавачите кои добиле финансиска поддршка за исплата на плати да ги задржат односно да нема отпуштање на работниците најмалку три месеци по завршување на мерката.

Од ССМ сметаат дека работниците кои користеа мерки како хронично болните, бремени жени, чување на дете до 10 години, треба да бидат исплатени во висина нивната плата, без нејзино намалување, а истовремено да се води грижа и за мајките кои користеле породилно отсуство, а им престанал договорот за вработување по било кој основ и истите да имаат право на платено на породилно отсуство.

ССМ повторно предлага надоместокот на плата за отсуството од работа поради зараза од ковид- 19, изолација и само изолација поради изложеност на ковид- 19 да изнесува 100 проценти од основицата утврдена со закон.

„Нагласуваме дека Сојузот на синдикатите на Македонија смета дека во Правилникот за листа на професионалните болести како професионална болест треба да се смета заразата со ковид- 19, не само за здравствените работници, туку и за работниците од други дејности и вработени во институции на работни места каде е можен контакт и изложеност на ковид- 19.", а Министерството за труд и социјална политика да предложи предлог законско решение или предлог решение во Правилникот во најскоро време", велат од ССМ.

Тие предлгаат насочување кон спроведување на јавни набавки од страна на државните органи, исклучиво од домашните компании кои не отпуштиле неосновано работници и не злоупотребиле од финансиската поддршка за исплата на платите.

„ССМ, поаѓајќи од тоа што националните и светските компетентни институции укажуваат дека оваа нова нормалност предизвикана од ковид – 19 ќе трае подолг период и во иднина, очекува покрај мерките за субвенционирање и помош, Владата да преземе поголем ангажман за обезбедување нови инвестиции од домашно и странско потекло и да обезбеди економски мерки за поефикасно прилагодување на компаниите за продолжување на економските потфати со цел да се обезбедат реални и одржливи работни места и обезбедување на егзистенција за сите граѓани, стои во соопштението.

Исто така, бараат Владата да води грижа, финансиската поддршка и инвестициите да се обезбедуваат за компании кои ги почитуваа законите и колективните договори, кои немаат злоупотребено средства од финансиската поддршка од државата и кои имаат неосновано отпуштено работници, како и да се задолжат компаниите кои ќе добијат од финансиската поддршка и инвестициите задолжително да ги вратат работниците на кои им го прекинале работниот однос.

„Еден од условите за обезбедување на финансиска поддршка и инвестиции од страна на државата треба да биде синдикалното организирање во компанијата, за да можеме и ние како претставници на работниците да гарантираме и да го контролираме користењето на средствата, покрај другото за плата и социјална сигурност на работниците", стои во соопштението на Сојузот на синдикатите на Македонија.

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе