ССМ: Основните животни трошоци за 4-члено семејство се 531 евро

Во јули годинава на едно четиричлено семејство за задоволување на основните животни трошоци му биле потребни во просек 531 евро. Околу 70 отстоод вработените во Македонија земаат минимална плата од 12.507 денари (203 евра).

Ова го покажуваат најновите податоци за минималната кошничка кои ги подготвува месечно Сојузот на синдикатите на Македонија, ССМ.

Во сумата за основните животни потреби на едно семејство вклучени се трошоците за храна, за сметки, за превоз и за здравје, при што најголем дел од семејниот буџет оди за храна и за сметки, 73,45 отсто.

Според пресметките на ССМ, вака изгледаат минималните месечни трошоци на едно четиричлено семејство: за исхрана и пијалаци 13.574 денари, домување 10.409 денари, за хигиена 2.306 денари, за превоз 2.408 денари, за облека и обувки 2.177 денари, за култура 1.070 денари и за одржување на здравје 706 денари. Или, од вкупните минимални трошоци од 32.710 денари, 23. 983 или 390 евра се само за исхрана и за сметки.

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе

Дали верувате дека до ова дереџе се дојде за една ноќ, еден месец, една година? Вистината е дека години се потребни за таков пад.

повеќе

Макси помпа, просечен дипломатски и небитен медиумски ефект.

повеќе