Бројот се зголемува

ССМ: Околу 100.000 работници земаат минимална плата

Бројката на работници кои примаат минимална плата се зголеми на околу 100.000 поради непочитување на законите и колективните договори од страна на несовесните работодавачи, соопшти денеска Сојузот на синдикати на Македонија.

„Во 2011 година, кога ССМ на 1-ви Мај ја започна кампањата за потребата од донесување на закон за минималната плата, 60.000 до 70.000 работници беа на границата или земаа плата во висина на минималната плата. Денес, со зголемувањето на минималната плата, поради несовесните работодавачи и урамниловката која се направи поради тоа што работодавачите наместо да ги почитуваат законите и колективните договори и спирално да ги зголемуваат останатите плати, тие спротивно на закон исплаќаат плата на работници само во висина на минималната плата, иако тоа е не законски, па така бројката на работници кои примаат минимална плата порасна на околу 100.000 работници“, наведува ССМ во соопштението.

ССМ смета дека минималната плата треба да се зголеми на 60 проценти од просечната и да изнесува не помалку од 16.976 денари. Усогласувањето на минималната плата што секоја година се случува во март, според нив, не е доволно. Нивните пресметки покажале дека согласно критериумите за усогласување, во март минималната плата би се усогласила за 3,17 проценти.

„Минималната нето плата сега изнесува 14.955,00 ден. зголемена е кога даночното ослободување во јануари се зголеми и минималната плата од 14.934, 00 ден. се зголеми за 21 ден, а со ова усогласување во март 2021 годинава, нето минималната плата ќе порасне за 446 денари (15.401) или во бруто износ, истата ќе изнесува 22.466,00 денари. Потсетуваме дека намалувањето во минус на БДП согласно параметрите, не може да значи пораст и ги потсетуваме надлежните дека минусот на одреден параметар како што е случајот со БДП, во никој случај неможе да значи пораст или плус на бруто домашниот производ“, велат од ССМ.

Апелираат утре на собраниска седница да бидат изгласани законите од петтиот пакет антикризни мерки меѓу кои е и финансиската поддршка за исплата на платите за февруари и март.

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе