Уште се преговара

ССМ: Неработна недела мора да се уреди само со Законот за работни односи

Сојузот на синдикати на Македонија не се согласува работничкото право на неработен ден недела да се уредува со други закони, освен со Законот за работни односи. Синдикатот смета дека владиниот предлог тоа право да се уредува и со Законот за трговски односи ќе создаде нерамноправност меѓу работниците. ССМ бара работниците да добиваат за 100 проценти повисок додаток за работа во недела и еден слободен ден.

Синдикатот смета дека ова право треба да се уреди само со Законот за работни односи како основен закон од трудовото право, а не да се уредува со посебни закони, затоа што тоа може да доведе до нееднаквост на правата на работниците и да предизвика правна несигурност.

ССМ своето незадоволство од предлогот тоа право да се уредува и со Законот за трговски односи го изрази на состанокот на Економско-социјалниот совет.

„ССМ го искажа своето незадоволство од тоа што после период од 6 месеци на преговарање и договарање на деталите за начинот и постапката за остварување на ова право на работниците, Министерството за труд и социјална политика и Министерката која е воедно и Претседателка на ЕСС, Јагода Шахпаска го промени концептот и предлага ова право покрај во Законот за работните односи да се уреди и со Законот за трговија“, се вели во соопштението.

Зголемувањето на додатокот на плата за работа во недела, според Синдикатот, треба да се зголеми најмалку 100 проценти за секој час поминат на работа во недела. Синдикатот се залага и за тоа сите работници кои ќе работат во недела, да добијат ден за неделен одмор во денот пред односно денот по неделата која би ја работеле.

„ССМ искажува загриженост за проширување на дејностите вклучително и дозволување на работа на трговските центри (моловите) кои ќе бидат во исклучоците кои ќе можат да работат во недела. ССМ смета дека помошните и придружни дејности односно работни места кои се предвидува да работат во недела не се прецизирани и не се дефинирани во законот и оваа формулација не е јасна и општа, не е утврдено за колку и колкав број на работници се однесува, па истата може да биде извор на манипулации и злоупотреби, а со таквата нејасна формулација наместо, со законските измени да се уреди правото недела дека е неработен ден, всушност недела ќе стане работен ден за најголем број работници, се наведува во соопштението.

Во делот на забраните, предлагаат во целост да биде забранета работата на оние работодавачи кои ќе работат во недела, а не се во исклучоците, а не само да се забрани работата во објектот каде е утврдена неправилноста.

Од ССМ повторно нагласуваат дека не се согласуваат законските измени да се одложат за јануари 2022 година како што предложи Министерството за труд и социјална политика.

Време е да се фокусираме врз суштинските проблеми. Време е да создадеме вистински ’општествен договор‘ за владеење на правото и на човековите права како главни столбови на европските вредности

повеќе

Стратешко партнерство на македонската влада со Зока енерџи солушнс, компанија регистрирана за обработка и отстранување на опасен отпад, не е правилен начин за решавање на проблемот во мала држава како Македонија.

повеќе

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе