Новина

ССМ: Мобилна апликација за пријавување на кршење на работничките права

Работниците на кои им се прекршени работничките права ќе можат да пријават преку новата мобилна апликација на Сојузот на синдикати на Македонија, „ССМ – Мои работнички права", а пријавите веднаш потоа ќе бидат проследени до Државниот инспекторат за труд (ДИТ). Можно е и анонимно пријавување. Оваа апликацијата беше презентирана денеска од страна на ССМ и ДИТ, кои воедно потпишаа и Меморандум за соработка, а е поддржан од Меѓународната организација на трудот и ЕУ.

Како што изјави на денешната прес-конференција претседателот на ССМ, Дарко Димовски, Меморандумот има за цел унапредување на соработката меѓу овие две институции во насока на зголемување на ефикасноста и соработката во остварувањето, заштитата и унапредувањето на работничките права, како и обезбедување директна правна заштита при пријавување прекршени работнички права.

Исто така, целта е и обезбедување директна правна заштита при пријавување прекршени работнички права, токму преку користење на новата мобилна алатка.

Алатката е изработена со поддршка на Меѓународната организација на трудот (МОТ).

Според Димовски, значајно за апликацијата е тоа што истата нуди можност и за пријавување на прекршено право за себе и за друго лице, анонимно пријавување, директна комуникација со претставници на Сојузот на синдикати на Македонија и следење на вести и совети од ССМ од трудовото право, т.е. да не се прекршат работничките права кои се утврдени со закон и колективен договор.

„Апликацијата е направена преку проектот за зајакнување на социјалниот дијалог кој заедно со МОТ, и со вакво ребрендирано делување на ССМ, е наша заложба, определба и предизвик за претстојниот период во кој ќе настојуваме на сите работници на кои им се одземени и нарушени работничките права да можат на време да пријават, а ние како ССМ да интервенираме за да не поминат роковите за жалби до Државниот инспекторат за труд, па подоцна и до судовите“, посочи Димовски.

Апликацијата е поддржана од Меѓународната организација на трудот и Европската Унија, преку проектот Зајакнување на социјалниот дијалог

Не треба толку да се грижиме за тоа дали се искачуваме на табелата, туку повеќе треба да внимаваме на тоа дали навистина се справуваме, истражуваме и ги гониме оние кои се занимаваат со корупција.

повеќе

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе