Формиран штрајкувачки одбор пред средбата со Владата во понеделник

ССМ: Минимална плата од 18.000 денари веднаш или генерален штрајк

Сојузот на синдикатите на Македонија бара веднаш да биде донесена одлука за зголемување на 18.000 денари на минималната плата и во зависност од разговорите со владини претставници закажани за понеделник, ќе се знае дали главниот штрајкувачки одбор, кој веќе е формиран, ќе биде активиран и на земјата ќе ѝ се случи штрајк на работниците.

„Штрајкувачкиот одбор во вторник, по состанокот во Владата, ќе утврди време и начин на изразување на работничкото незадоволство преку спроведување на штрајкот и разните облици за притисок и изразување на работничкото незадоволство, а во зависност од резултатот на преговорите“, информира ССМ по денешниот состанок на Претседателството и Советот како највисоки тела на овој синдикат.

ССМ бара веднаш да биде зголемена минималната плата на 18.000 денари во нето износ и таа да не биде пониска од 60 проценти од просечно исплатената месечна нето плата во последните три месеци, како и задолжително усогласување на сите останати плати во државата.

Дел од барањата на ССМ за кои во понеделник ќе се разговара со владините претставници се и потпишувањето на Општ колективен договор за јавниот сектор со кој ќе се врати регресот за годишен одмор познат како К-15.

Од ССМ денеска повторно ги повикаа пратениците да ги изгласаат измените на Законот што ССМ ги поднесе до пратениците со кои ќе се реализира зголемувањето на минималната плата.

Инаку, од ССМ по Новата година повеќе пати ја предупредија Владата дека иако најавува зголемување на минималната плата дека се одолговлекува со носењето на одлуката и дека се избегнува да се каже термин кога платите ќе се покачат.

ССМ ги повика владините претставници да се обидат макар еден месец да живеат до минимална плата во износ од 15.200 денари и да кажат дали со тие пари може да се купи нешто повеќе освен леб и вода.

Економската криза е лоша во сите сфери на живеењето, но од неа можеме и да научиме по нешто.

повеќе

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе

Наспроти сесловенскиот и општоевропскиот карактер на нивната дејност, Кирил и Методиј станале објект на присвојувања уште од средниот век.

повеќе