Реакција

ССМ: Како социјален партнер и претставник на работниците не сме констултирани за ваквото одложување

Сојузот на синдикати на Македонија попладнево реагираше на одлуката за одлагање на решението со кое недела треба да биде неработен ден. Посочува дека како социјален партнер и претставник на работниците не е констултиран за ваквото одложување. Смета дека за едно вакво важно прашање не треба да се одлучува еднострано и надвор од Економско-социјалниот совет.

„Потсетуваме дека на последната седница на Економско-социјалниот совет, одржана на 15.02.2021 година, сите социјални партнери се согласија дека треба да се постигне консензуз, а не процесот да се враќа назад. Очекуваме преговорите за допрецизирање на одредбите, во насока на уредување на правото за недела да биде неработен ден за сите вработени да продолжат и истите да завршат во најкус можен рок, имајќи предвид дека донесувањето на Законот веќе еднаш е одложено и тоа за примената од јуни 2021 година, а во последиот текст за септември 2021 година и тоа без претходна согласност со социјалните партнери“, наведува ССМ во реакцијата.

Реагираат и на изјавата за усогласување на минималната плата.

„Ја потсетуваме министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска да не се става над законот поради тоа што минималната плата согласно Законот за минимална плата, мора да се усогласи во месец март, а не како што е пренесено во медиумите од нејзината изјава, дека и ова усогласување на минималната плата ќе се одложи за наредната година односно за 2022 година. Работниците и граѓаните очекуваат од социјалните партнери да испорачаат резултати од преговарањето во насока на унапредување на работничките права, а не континуирано да се одлага решавањето на нивните проблеми“, велат од ССМ.

Kога веќе треба да се држи комбинирана настава, колку и да е комплицирана таа „равенка“, во неа не смее да се забораваат децата кои учат онлајн.

повеќе

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе