Реакција

ССМ: Дебата за неработна или работна недела без работниците е рамно на робовладетелско општество

Да си правиш дебата дали требало или не да се работи во недела и да дебатираш сам со себе без да ги слушнеш работниците односно оние кои ти работат во недела е рамно на робовладетелско општество на кое се навикнати македонските работодавачи, реагира Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) по панел дискусијата на работодавачите за предлогот недела да биде неработен ден.

„Ги прашуваме дали на дебатата станало збор дека за работа во недела само за додатокот кој треба да го платат на работниците, а не го плаќаат, им остануваат 7 милиони евра за само една работна недела и 3 милиони евра за придонеси од задолжително социјално осигурување кои требало да ги платат на Државата.

На каков начин ги мотивирале до сега работниците да им работат во недела и со својот труд да им го ствараат капиталот?“, велат од ССМ.

Во соопштението до јавноста исто така прашуваат дали поранешниот Директор на технолошко индустриските развојни зони (ТИРЗ) при привлекување на странските инвеститори, на истите им нудел робови или работници во Македонија, за кои очигледно се борел да не мораат да бидат ниту одморени ниту платени за својата работа, а поради тоа и таму е забрането да се формираат синдикати и работниците да се организираат за заштита на нивните работнички права.

 

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе